Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик 01/2026 за правни субјекти: Финансиска поддршка за чување и напасување добиток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Јавен повик 01/2026 за правни субјекти: Финансиска поддршка за чување и напасување добиток
Јавни огласи и повици

Јавен повик 01/2026 за правни субјекти: Финансиска поддршка за чување и напасување добиток

Објавено 03/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) објави нов јавен повик 01/2026 за Мерка 213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики.

Грантовите во рамки на овој јавен повик се целосно неповратни и се наменети за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади, како и поддршка на традиционалното овчарство.

Рокот за аплицирање на овој јавен повик е заклучно со 31.03.2026 год.

⚠️ „Прв дојден – прв услужен“

Во случај на поднесени повеќе барања отколку што има расположливи средства, Платежната агенција ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

Во прифатливите трошоци влегува просечната месечна нето плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари до 31 декември 2025 година, исплатена за вработено лице како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда), и тоа:

  • 100% од исплатената просечна нето-плата за регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина над 700 метри
  • 60% од исплатената просечна нето-плата за регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 300 метри

⚠️ Како вработено лице за користење на поддршка може да биде и управителот, доколку субјектот нема вработено други лица за чување и напасување на добитокот

ИЗНОС НА ГРАНТ

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 620.000 денари.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

Земјоделски стопанства впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој го води МЗШВ, и тоа трговски друштва или други правни лица.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

Поддршката се доделува во сооднос:

  • 1 вработено лице на 150 овци
  • 1 вработено лице на 100 кози
  • 1 вработено лице на 50 говеда

✅ За подготовка на документација јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
Таг:01/2026АФПЗРРгрантјавен повиковчариПлатежна агенцијаправни лица
Претходен напис Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради посетата на Марк Руте
Следен напис Србија: Министерството бара повисока откупна цена на млекото! По средбата со сточарите, следат нови потези
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?