Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај
Агровести

Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај

Објавено 27/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што е силен поттик за економијата и за нови работни места, порача денеска вицепремерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Државната статистика забележува и зголемување на карго-превозот преку авиосообраќајот, и тоа за 23,7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на почнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа по должината на Коридорот 10 – посочи Николоски. 

Во истиот пресметковен период, додаде, во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, а во воздухопловниот превоз регистрирани се 889.153 патници, што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка, што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување нови авиолинии.

– Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер-летовите. Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железничкиот превоз на патници, и тоа, според статистиката, превезени се 34 илјади патници – истакна вицепремиерот Николоски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:голем растДржавната статистикаНиколоскитоварниот сообраќај
Претходен напис Од 1 март побезбедни онлајн-плаќања
Следен напис Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?