Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Лидл“ гради нов маркет во Гевгелија, преку продажната мрежа на комапнијата лани извезени македонски производи во вредност од 15.5 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Лидл“ гради нов маркет во Гевгелија, преку продажната мрежа на комапнијата лани извезени македонски производи во вредност од 15.5 милиони евра
Агровести

„Лидл“ гради нов маркет во Гевгелија, преку продажната мрежа на комапнијата лани извезени македонски производи во вредност од 15.5 милиони евра

Објавено 26/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Камен темелник за нов малопродажен објект на германската компанија “Лидл” денеска се постави на влезот на Гевгелија. Маркетот ќе се гради на местото на поранешното транспортно претпријатие “Трансбалкан”, на површина од 2 356 квадратни метри, со предвидени 130 паркинг места.

Од компанијата велат дека изградбата на првиот маркет на “Лидл” во Гевгелија, е дел од нивниот долгорочен инвестициски план во земјава, и потврда за довербата што ја имаат во потенцијалот на македонскиот пазар.

Со новата инвестиција, како што велат од компанијата, се дава значаен придонес кон локалниот економски развој, отворање нови работни места и унапредување на понудата за потрошувачите, како и можност за продлабочување на соработката со домашните производители.

– Со стартот на изградбата на маркетот во Гевгелија продолжуваме со стратегијата за ширење на продажната мрежа. Нашата цел е да изградиме продажни места кои се пространи, светли и современи, со модерен изглед, со еколошки материјали и со фокус на енергетската ефикасност. Да создадаме удобно искуство за нашите потрошувачи, но и квалитетна работна средина за нашите вработени. Посебно сме горди што преку продажната мрежа на “Лидл” за 2025 година е остварен извоз на македонски производи во вредност од 15.5 милиони евра, имајќи предвид дека се уште не сме оперативни на македонскиот пазар, истакна Гоце Гаврилов, директор за недвижнини во “Лидл Северна Македонија”.

На поставувањето камен – темелник се обрати и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов кој изрази задоволство што во последните две години општината има три поголеми инвестиции кои треба да придонесат за подобрување на локалниот економски развој и да дадат дополнителен поттик на економијата. 

– Нашата отвореност како локална самоуправа за соработка со секој кој има намера да инвестира во Гевгелија, денеска вроди со уште една значајна инвестиција. Гевгелија е меѓу првите градови во Македонија во кои почнува изградба на маркет на “Лидл”, инвестиција која дополнително ќе ја засили атрактивноста на нашата општина. Ќе придонесе за нови можности за вработување и зајакнување на локалната економија. Општина Гевгелија излезе во пресрет на инвеститорот и овозможи целосна логистичка поддршка за реализација на проектот. Верувам дека соработката со “Лидл” ќе продолжи успешно и во идниот период, посочи Сарамандов.

Досега компанијата изгради логистички центар во Куманово и ја почна изградбата на маркети во Штип и на две локации во Скопје, во Аеродром и во општина Гази Баба.

“Лидл” е позната германска компанија во малопродажната индустрија на храна во Европа, која работи со околу 12 600 маркети и над 382 000 вработени на меѓународно ниво. 

Извор МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:15.5 милиони евраГевгелијаЛидл
Претходен напис Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
Следен напис „Агро Геа“ со понуда за фармерите: Молзачки за крави, овци и кози!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?