Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Институтот за Јавно здравје со препораки за Велигденскиот пост – На кои ризици треба да се внимава?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Институтот за Јавно здравје со препораки за Велигденскиот пост – На кои ризици треба да се внимава?
Агровести

Институтот за Јавно здравје со препораки за Велигденскиот пост – На кои ризици треба да се внимава?

Објавено 25/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Институтот за јавно здравје излезе со препораки за намалување на ризиците поврзани со исхраната за време на пост.

– Постот претставува период на доброволно воздржување од одредени намирници или потполн прекин на внес на храна во определен период, што доведува до промена на вообичаените навики во исхраната. За да се одржи доброто здравје и функционалноста на организмот, потребно е внимателно планирање на оброците и следење на основните нутритивни принципи, појаснуваат оттаму. 

ИЈЗ дава препораки на што треба да се внимава: 

– Рамнотежа во исхраната: И покрај ограничувањата, оброците треба да бидат разновидни и да обезбедат доволен внес на јаглехидрати, растителни протеини, здрави масти, витамини и минерали.

– Хидратација: Потребно е редовно внесување на течности. Недоволниот внес на вода може да доведе до замор, главоболки и нарушена концентрација. Лицата кои за време на прекин на внес на храна не внесуваат ни течности, треба да планираат континуиран, постепен и умерен внес на вода во периодите кога внесуваат храна, за да се спречи брзо исфрлање на водата од организмот.

– Квалитет на храната: Препорачливо е да се избегнува пржена, премногу солена или засладена храна, бидејќи може да предизвика дехидратација, дигестивни тегоби и нагли промени на нивото на шеќер во крвта.

– Доволен внес на протеини: Во периоди кога се избегнуваат животински производи, потребно е да се вклучат мешунки, јаткасти плодови, семки и интегрални жита.

Потенцијални ризици по здравјето се: 

• Пад на енергија и концентрација: Неправилно планираните оброци може да доведат до слабост, раздразливост и намалена работна способност.

• Дехидратација: Особено ризична при подолги периоди без внес на течности по кои следи брз и обилен внес на течност која брзо ќе се исфрли од организмот.

• Недостаток на микронутриенти: Ограничената исхрана може да резултира со недоволен внес на железо, витамин Б12, калциум и омега 3 масни киселини.

• Дигестивни проблеми: Прејадувањето може да предизвика надуеност, киселини и чувство на тежина.

Препораки од ИЈЗ за намалување на ризиците 

– Планирање на оброците: Подготовка на план за исхрана за неколку дена однапред помага да се избегне импровизирање со храната и намалување на здравствените ризици.

– Постепено јадење: По подолг период без храна, се препорачува започнување со лесни оброци (супи, овошје, салати), а потоа постепено воведување покалорична храна.

– Вклучување на нутритивно богати растителни извори: Леќа, грав, наут, сусам, спанаќ, киноа, тофу и други намирници богати со протеини и минерали.

– Одржување на стабилен внес на течности: Првичен избор треба да е вода, а се препорачуваат и билни чаеви и супи. Треба да се избегнуваат газирани и засладени пијалаци.

– Следење на сигналите на организмот: Во случај на изразена слабост, вртоглавица или други симптоми, потребно е да се направи пауза и да се побара совет од лекар.

Користење на додатоци на исхраната (суплементи)

Во периоди на пост, кога исхраната може да биде ограничена по одредени нутритивни групи, можно е да се појави потреба од додатоци на исхраната како што се витамини, минерали или омега 3 масни киселини.

Важно е да се знае дека:

• Додатоците на исхраната не се замена за балансирана исхрана. Тие служат само како дополнување кога со храна не може да се обезбеди доволен внес на одредени нутриенти.

• Потребна е претпазливост при изборот. Некои додатоци може да не бидат соодветни за сите лица, особено за оние со хронични заболувања или лица кои земаат терапија.

• Консултацијата со лекар е задолжителна. Пред започнување со користење на каков било додаток на исхраната, потребно е да се добие стручен совет од лекар или друг здравствен професионалец, со цел да се избегнат несакани реакции, интеракции со терапија или непотребно внесување на одредени супстанции. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пијалацисуплементихрана
Претходен напис Николоски: 22 нови авио – рути ја поврзуваат Македонија со Европа
Следен напис 400.000 тони сончогледи со 10 бродови отпловија од Аргентина до Бугарија – земјоделците на нозе!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?