Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа
Агровести

Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа

Објавено 24/02/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува Стратегија за оризопроизводство, бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура, поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ Стар.

Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура.

„Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи“, посочи тој.

„Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ќе следува редефинирање на процесот на откуп, односно ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема. На тој начин, како што ќе се елиминираат можностите за злоупотреби.

МЗШВ

АГРО ГЕА: ПРОМОЦИЈА на ФРЕЗИ со кардан – FIRESTO по екстра цени!

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:арпаоризопроизводствооткупотстратегијаТрипуновски
Претходен напис Најстудено во Берово, на Попова Шапка 90 сантиметри снег
Следен напис Почнува процесот за враќање на солидарниот данок, компаниите дo УЈП треба да поднесат барање 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?