Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
Агровести

Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Објавено 23/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преговарачите на Европскиот парламент утрово покренаа постапка за суспензија на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, откако одлуката на Врховниот суд на САД ја доведе во прашање правната основа на договорот од 2025 година.

Повод за овој чекор беше пресудата дека дел од царините воведени од администрацијата на Трамп во 2025 година биле незаконски, по што Вашингтон најави нови царини од 15% на увозот.

Брисел бара гаранции од Вашингтон

Германскиот европратеник Берн Ланге, претседател на Комитетот за меѓународна трговија, изјави дека „правната основа целосно се променила“ и дека ЕУ бара јасна изјава од САД дека договорот ќе се почитува на подолг рок.

Договорот беше постигнат во јули 2025 година меѓу претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и Трамп, по повеќедневни тензии и закани со царини.

Според договорот, САД задржуваат трајни царини од 15% на извозот од ЕУ, додека поголемиот дел од американските производи имаат бесцарински пристап на европскиот пазар – нешто што дел од европските пратеници го сметаат за нерамноправно.

Итни разговори и дипломатска офанзива

Во понеделникот попладне европратениците одржаа итен состанок со еврокомесарот за трговија Марош Шеровиќ, кој викендов разговараше со американскиот министер за трговија Хауард Латник и трговскиот претставник Џејмисон Грир.

Шефчович изјави дека за ЕУ е од клучно значење да добие јасност за тоа како ќе се применува договорената царина од 15%.

„Договор е договор и мора да се почитува“, порача тој.

Што следува?

Гласањето во Европскиот парламент, кое беше планирано за оваа недела, практично е одложено. Се очекува евентуалното изјаснување да се одржи во март, доколку до тогаш се постигне дополнителна правна и политичка усогласеност.

Во меѓувреме, односите меѓу Брисел и Вашингтон повторно влегуваат во фаза на неизвесност, во момент кога глобалната трговија и онака е под притисок од нови геополитички тензии.

Извор – ТРН

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:ЕУодлукаСАД
Претходен напис Ветер од 208 км/ч и поплави: И се заканува ли на Европа колапс на пролетниот пазар на зеленчук?
Следен напис Трипуновски: Ако од 2007 година до лани се поделени над 1,8 милијарди евра субвенции, а развој нема, неминовно е да направиме промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?