Замислете го ова, фарма за домашни животни изградена од соларни панели или зеленчукова градина под нив. Уште ако ви кажат дека вака ќе заштедите на струја и вода, не може подобро нели?!
Е па вакво производство навистина постои. Го измислија дизајнерите од студиото DOH (Designers on Holiday) и го нарекле автоматизиран мобилен кокошарник. Како што вели и самото име, наменет е за одгледување на кокошки и останата живина, а истиот се наоѓа во Еколошкиот центар во Калифорнија.

Вистински луксуз за кокошки
Станува збор за лесна конструкција на тркала, која секојдневно лесно се преместува од парцела на парцела. Кокошарникот е обложен со алуминиум за да може да ја рефлектира топлината, а две големи крила прават сенка и ги штитат кокошките од сончевата светлина и обезбедуваат природна циркулација на воздухот.
Соларните сензори се наоѓаат на вратата и при изгревање и заоѓање на сонцето автоматски се активира нивно отворање и затворање, а вградениот соларен панел се напојува од батерија поради едноставно одржување на ситемот.
Внатрешноста на оваа конструкција е така дизајнирана за да им ја обезбеди потребната удобност на кокошките. При автоматското отварање на вратата од кокошарникот се извлекува тесна рампа преку која кокошките излегуваат надвор.
Кокошките секојдневно се преместуваат и се хранат со свежа трева, а истовремено вршат ѓубрење на парцелите за новата сезона на садење.
Соларните панели добиваат се поголема важност во земјоделството
Производството на соларни панели за потребите на земјоделството добива се поголемо значење, а во одредени делови на САД се применува на голем број фарми, баш како што е оваа за одгледување на кокошки. Во последните неколку години направени се повеќе пилот програми, а освен во Америка популарни се и воВелика Британија и Уругвај.
Една таква фарма е Geneva Peeps во САД, а нејзина горда сопственичка е Џеки Аугустин која одгледува кокошки несилки.

„Кукичката на моите кокошки е изградена од панели, па дури и кога се надвор тие времето го минуваат под панелите, заштитени од сонцето, дождот и птиците грабливки“-објаснува Џеки.
Пораст на приносите
Освен за домашни животни, оваа иновација стана интересна и за одгледувачите на насади. Истражувачите од Универзитетот во Аризона уште еднаш ја потврдија предноста за одгледување на растенија под сенката на соларните панели и заклучиле дека, со комбинација на соларни системи и земјоделско производство , се произведува повеќе електрична енергија, се остваруваат поголеми приноси и сето тоа со користење на мали количини на вода.
При тоа заштедите на вода се од најголема важност, посебно за земјоделците во Аризона каде за растително производство пресудно е наводнувањето.

„Откривме дека посевите подобро напредуваат во ладовината на соларните панели бидејќи не се изложени на директна сончева светлина. Всушност, вкупното производство на чили пиперки беше три пати поголемо под панелите, додека родот на шери доматите беше двојно поголем.“ вели професорот Грег Барон-Гафорд и додава дека потребите за наводнување биле значително помали.
Како што се загреваат соларните панели, нивното дејство се намалува, но истражувачите успеале да ги разладат со одгледување на култури под фотонапонските плочи. „ Со загревње на соларните панели се спречува испарувањето на насадите кои растат под нив, односно се намалува нивното испуштање на водата преку природниот процес на транспирација“ –потврдува професорот Барон-Гафорд.

„ Земјоделсците исто така би можеле да профитираат со двање под закуп на својата земја за инсталација на солрни системи, а бидејќи климатските промени, поплавите, порастот на температурата и сушата, на големо се чувствуваат во делови од светот, со поврзување на земјоделството и соларната енергијаo , ќе можат да си обезбетат нов сигурен извор на приход-заклучува Гафорд.
Извор :Агроклуб
