Новиот пенлив „Просеко розе“, со 30 милиони произведени шишиња годишно, ќе ја зголемат продажбата на вино за најмалку 15 %, проценуваат италијанските медиуми.

Минатата недела била мнгоу важна за винарите во Италија. Имено властите на винската велесила официјално одобриле производство на виното Просеко розе! Се очекува дека ова вино ќе го зголеми прометот на вино дури за 5 % и голем број на производители се спремни да го понудат на пазарот бидејќи извесно е дека ќе го освои глобалниот пазар и тоа во момент кога розе бојата е во тренд како никогаш до сега. Почетната проценка за годишна продажба е астрономска – околу 30 милиони шишиња, пренесуваат италијанските портали

Конечната одлука италијанската влада ја објави на конзорцимуот на винари на апелацијата Просеко а првите просеко вина ќе се најдат во продавниците од 1 јануари идната година.
Конзорциумот објави и услови кои произвдоителите мораат да ги исполнат за нивното вино да може да ја носи ознаката Просеко:
– дозволени сорти се глеро и пино ноар, кога во купаж смее да биде помеѓу 10 и 15 проценти
– дозволен род е најмногу 18 тони по хектар за глер и 13,5 тони за пино ноар
– розе просеко се прави со примена на шармат методи и одлежуав во цистерни најмалку 60 дена
– бојата на виното е црвеникава со различен интензитет
– процентот на резидуален шеќер е таков да вината можат да носат ознаки од Brut Nature до Extra Dry
– на етикетите мора да биде истакнат натпис Millesimato со ознака на бербата а најмалку 85 % од грозјето мора да биде собрано во берба која е декларирана на етикетата.

Оваа длуката на италијанските власти има и голем број критичари и членови на здружението Vignaioli Indipedendenti, кои сметаат дека се работи за маркетиншка одлука која профитот го става над винскиот идентитет на регионот и дека со неа се продолжува оддалечувањето на „Просекот“ од италијанската винска традиција. Се критикува и одлуката дека наместо автохтони сорти како што се пјаве рабозо, се дозволува употреба на пино ноар.
