Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Речиси половина милион овци и кози умртвени во Грција за година и пол поради сипаниците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Речиси половина милион овци и кози умртвени во Грција за година и пол поради сипаниците
Агровести

Речиси половина милион овци и кози умртвени во Грција за година и пол поради сипаниците

Објавено 20/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Речиси половина милион овци и кози, односно 479.821 биле умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради сипаниците, според официјалните податоци од Министерството за земјоделство и Националната научна комисија за управување и контрола на сипаницата кај овци и кози, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство информираа дека во конкретниот период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми.

Во однос на новите случаи, од 9 до 15 февруари, биле регистрирани 11, во седум региони.

– Почитувањето на мерките за биолошка безбедност останува клучно за ограничување на болеста. Одгледувачите мора доследно да ги следат упатствата на ветеринарните служби и предвидените протоколи, соопштија од Министерството за земјоделство на Грција.

Додадоа дека податоците за текот на болеста континуирано се ажурираат врз основа на информациите од регионалните единици и редовно ќе се објавуваат со цел целосно и навремено информирање на производителите и јавноста.

Ставот на грчката Влада е дека вакцинацијата не е решение, ниту пак е дел од владиниот план за справување со сипаниците кај овците и козите, а единствената опција е строга имплементација на мерките за биолошка безбедност.

За конкретната тема грчкиот премиер пред десет дена одржа средба со претставници на сточарите и посочи дека приоритет е дефинитивното искоренување на болеста.

Од друга страна, сточарите, кои заедно со земјоделците протестираа и во декември и јануари и пред една седмица во Атина, бараат итни мерки и решенија за сипаниците кај овците и козите.

Извор МИА

Може да ви се допадне

Андоновски: На 12 јуни започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“
Андоновски: Со смарт лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста
(ВИДЕО) Земјоделците со драматични изјави: Катастрофална е состојбата, доцнат субвенции, немаме соработка со министерството
Викендов повторно ќе имаме локална нестабилност, но и услови за невреме
До 25% од буџетот на ЕУ за земјоделство – еве што ќе понуди Бугарија
Таг:грцијакозиовциполовина милионсипанициумртвени
Претходен напис Без вода делови од Кисела Вода и Карпош
Следен напис Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?