Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: А&А ISO Consulting ќе ви помогне да подготвите документација и да воспоставите систем за управување согласно барањата на ISO стандардите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > А&А ISO Consulting ќе ви помогне да подготвите документација и да воспоставите систем за управување согласно барањата на ISO стандардите
Агровести

А&А ISO Consulting ќе ви помогне да подготвите документација и да воспоставите систем за управување согласно барањата на ISO стандардите

Објавено 19/02/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани земјоделци и компании од бизнис секторот,

Агротим започна соработка со А&А ISO Consulting, консултантска куќа која ќе ви помогне да подготвите документација и да воспоставите систем за управување согласно барањата на ISO стандардите.

Зошто е потребно да имплементирате ISO стандард?

Затоа што така станувате сериозни „играчи“ на пазарот. Вашиот ISO сертификат гласно зборува, па кога клиентите се мислат кој бренд да го одберат, најчесто го одбираат оној во кој имаат доверба. А тоа се компаниите кои во континуитет испорачуваат стандардизиран квалитет. Корисниците се задоволни од производите и услугите кои ги нудите, а со тоа вие креирате препознатливост на пазарот. Без разлика дали имате мал или голем бизнис, за успех ви е потребен добар систем. Воспоставени процедури за работа, упатства за употреба и формулари (записи) за евиденција. Со ваквата поставеност на системот, се постигнуваат основните барања на стандардите, процедурите за работа се јасни за секој вработен. Ова ја олеснува работата на сите вработени во компанијата, без разлика на која позиција работат, бидејќи точно се знае кој, што, кога и како прави. На овој начин грешките се сведени на минимум, квалитетот е сигурен, загубите се намалени, довербата кај клиентите е зголемена, задоволството на клиентите е континуирано, а профитот како крајна цел на секој бизнис е зголемен, со избегнати грешки, непланирани трошоци и загуби предизвикани од немање добар систем на работа.

ISO стандардите го овозможуваат тоа, затоа постојат, за да ви ја олеснат работата и да ви помогнат да изградите стабилен бизнис.

Имплементирањето на било кој од меѓународните стандарди е потврда дека компанијата има стратешки пристап и сериозно е посветена на  новите предизвици на се поконкурентниот глобален пазар. Стандардите ви отвораат нови врати, можете да конкурирате на тендерски постапки за јавни набавки, а воедно тие се вашиот „пасош“ за излез на меѓународниот пазар.

Независно во која индустрија работите, секогаш постои можност за подобрување на процесите, а во голем дел имплементацијата на некој од стандардите за квалитет веќе е и законска обврска. На пример, мора да имплементирате HACCP доколку сте дел од синџирот за храна (буквално од фарма до трпеза). НАССР (Анализа на опасности и критични контролни точки) – систем со чија помош се врши идентификација, проценка и контрола на опасностите што се значајни за безбедноста на храната, претставува законска обврска уште од 2002 година  (Член 26 од Законот за безбедноста на храната и на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната ( Сл. Весник на РМ бр. 54/2002 )). Производителите и трговците  на  храна треба да обезбедат соодветно  спроведување  на општите услови за хигиена на храната во сите фази на производството и промет. Исполнувањето на овој услов го гарантираат HACCP принципите и токму затоа европските пазари не дозволуваат увоз од други држави без доказ за имплементиран HACCP.

Земјоделското производство кај нас е со докажан квалитет, но може да биде уште подобро доколку е стандардизирано. Затоа, размислувајте визионерски, да имате зголемено производство и зголемен профит, но кога тоа ќе го остварите треба и да го задржите.  Додека произведувате, тргувате или имате услужна дејност, мора да се грижите за здравјето и безбедноста на вработените, свесно треба да се грижите за животната средина, да не ја загадувате и да не ја уништувате. Законските казни за вакви прекршоци се високи, но доколку имате систем за управување со животна средина, грешките од овој тип се сведени на минимум. Истото важи и за сите други стандарди.

Имплементиран стандард е вашиот доказ за развиена свест дека се грижите за себе, за вработените и за животната средина.

Тој е печат на вашиот квалитет.

A&A ISO Consulting Тел: 072 321 981

Зголемете го профитот, креирајте позитивна атмосфера и мотивирачка работна средина, грижете се за здравјето и безбедноста при работа на вашите вработени и чувајте ја животната средина и општеството во кое придонесувате. Подготвено управувајте ги ризиците, ИТ услугите, енергетската ефикасност и заштитете ги вашите информации.

За консултации и професионална поддршка, побарајте ја A&A ISO CONSULTING, специјализирана консултантска куќа за имплементацијата на ISO стандардите:

HACCP- Анализа на опасности и критични контролни точки

ISO 9001 – Систем за управување со квалитет

ISO 22000 – Систем за управување со безбедност на храна

ISO 14001 – Систем за управување со заштита на животната средина

ISO 45001 – Систем за управување со здравје и безбедност при работа

ISO 27001 – Систем за управување со безбедност на информациите

ISO 20000 – Систем за управување со IT услуги  

GLOBALG.A.P. – Систем за управување во земјоделството и производството

ISO 31000 – Систем за управување со ризици

ISO 50001 – Систем за управување со енергетска ефикасност

Секој задоволен клиент ве води кон друг.

A&A ISO Consulting

Тел: 072 321 981

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:исоконсалтингстандарди
Претходен напис Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање
Следен напис Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?