Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање
Агровести

Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање

Објавено 19/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги разгледуваат можностите за интензивирање на деловните партнерства и за размена на искуства и експертизи, а денеска, во рамки на Бизнис форумот во Скопје, потпишаа и Меморандум за разбирање.

Како што беше речено на Форумот, има голем потенцијал што треба да се искористи, а енергетиката, ИКТ, автомобилската инсутрија, здравството и туризмот се само некои од секторите во кои може да се зголеми соработката.  

– Веќе имаме одредена трговска размена во автомобилската индустрија и кај одредени хемиски производи, но сметаме дека во енергетиката, ИКТ и во автомобилската инсутрија има нови потенцијали. Сакаме да видиме и кои се извозните капацитети и на едната и на другата страна зашто ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции, туку и на зголемување на извозните потенцијали, посебно кај индустрии со висока додадена вредност, како македонското вино кое силно го промовираме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Форумот.

Тој информира дека државата подолг период работела на договарање делегација од Словачка да дојде во земјава, заедно со претставници од деловната заедница кои ќе можат да остварат директен контакт со македонските компании и стопански комори.

Според министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, претприемачите се движечка сила на економскиот раст, носители на иновации и мост меѓу државите, луѓе со визија, храброст и желба за соработка и постигнување резултати.

Како што напомена Каменицки, денешниот Форум е платформа на која се среќаваат идеи, искуства и иновации.

– Ова е сигнал дека сите имаме желба за интензивирање на соработката и засилување на досегашното партнерство. Ги охрабрувам сите учесници да ја искористат платформата за размена на идеи и идна соработка. Верувам дека денесака почнуваме успешна приказна преку заедничка поддршка, помош и соработка, потенцира министерот.

Како потенцијални сфери за соработка тој ги спомна ИКТ индустријата, инфраструктурата, енергетиката, здравството, туризмот и земјоделството. Тука, рече, Словачка може да понуди експертиза, посебно во делот на новите технологии и автоматизираните процеси за производство за остварување поголемата додадена вредност и продуктвиност, како и минимизирање на отпадот.

Сензорни мониторинзи, менаџмент и автоматизација на процесите, се само сегмент од словачката поддршка што може да ја добие Македонија. мч/са/

Извор МИА

фото: МИА 

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:МакедонијаСловачкафорум
Претходен напис Македонско-словачкиот бизнис форум отвора нови можности за партнерство
Следен напис А&А ISO Consulting ќе ви помогне да подготвите документација и да воспоставите систем за управување согласно барањата на ISO стандардите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?