Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 15 отсто во последното тримесечје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 15 отсто во последното тримесечје
Агровести

Трипуновски: Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 15 отсто во последното тримесечје

Објавено 18/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15 отсто во однос на истиот период од 2024 година, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица, каде беше на средба со производители и откупувачи на пролетна зелка од овој регион.

Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.

-Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо, појасни Трипуновски.

Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.

На средбата со производителите и откупувачите на пролетната зелка, чиј откуп ќе почне да се интензивира во средината на идниот месец, министерот Трипуновски порача дека денеска е тука да поразговара и да се види каков е интересот, кои се плановите за количини коишто планираат да ги откупат, од друга страна се и земјоделците да ги слушне каква е состојбата на терен.

-Јас сум убеден дека како и минатата година ќе имаме успешна година затоа што имаме квалитетен земјоделски производ којшто се бара надвор од нашите граници, не е само Украина, има и други држави коишто се заинтересирани за овој квалитетен земјоделски производ. На сите средби на коишто сум надвор од нашата држава, дали се тоа министерски форуми или билатерални средби, комуникација со министрите од регионот, секогаш и секаде користев прилика да го промовирам нашето македонско квалитетно земјоделско производство и нормално да ги отвораме пазарите ширум светот и Европа, потенцираше Трипуновски.

Инаку, според производителите годинава се очекува род на пролетната зелка меѓу 60 и 80 илјади тони, а почетното производство засега се откупува за 50 денари за килограм.

Извор – МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:откуппроизводиТрипуновскиЦветан
Претходен напис Ристески: Успешна е реколтата тутун од 2025-та, имаме предлог цени за новото тутунопроизводство
Следен напис Голем одрон кај Сопот на патниот правец Скопје – Велес
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?