Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ристески: Успешна е реколтата тутун од 2025-та, имаме предлог цени за новото тутунопроизводство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ристески: Успешна е реколтата тутун од 2025-та, имаме предлог цени за новото тутунопроизводство
Агровести

Ристески: Успешна е реколтата тутун од 2025-та, имаме предлог цени за новото тутунопроизводство

Објавено 18/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот е при крај, откупени се 26 072 тони тутун што е 99 проценти од реколтата со просечна цена од 419,018 денари со што реколтата за 2025 година се смета за успешна, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија. 

-Ова ни дава за право да мислиме дека реколтата од 2025 година е успешна, особено што во моментов е зголемен интересот за склучување нови договори. За оваа година предвидуваме реколта од 28 000 до 29 000 тони тутун. Тутунарите се задоволни со цената и покрај субвенциите по килограм откупен тутун, тутунарите добиваат субвенции по површина и за зелена нафта. Сето сумирано, субвенцијата за тутун стигнува до 100 денари за килограм, објаснува Ристески.

Деновиве Сојузот ги заврши преговорите со откупувачите на тутун за новата реколта. Предложени се нови цени и до 20 февруари се чека на одговор од откупувачите, зашто од 1 март почнува склучувањето нови договори.

-Ние дадовме заклучок за цените по класи во новите договори: 510 денари за прва, 460 за втора и 400 денари за трета класа тутун. Рокот да се изјаснат откупувачите е 20 февруари. Доколку  не се изјаснат, ќе сметаме дека новата реколта ќе се откупува само во прва класа. Инаку склучувањето на новите договори е од 1 март, вели Ристески.

По вчерашната средба во Министерството за земјоделство за програмата за субвенционирање за оваа година, од Сојузот се уверени дека нема намалување на субвенционирањето во земјоделството, а е донесен и став да се изготви календар за исплата на заостанатите субвенции. Реакциите на одредени земјоделски здруженија дека се намалуваат субвенциите се неосновани, особено што оние со помали површини за производство може да се здружуваат и да ги користат субвенциите, смета Сојузот.

-Имаше мали забелешки за календарот за исплаќање на субвенциите за сточарите, за овоштарите. Се донесе заклучок да се воведе календар за исплаќање на субвенции. Исплатата на субвенциите да биде квартално- на секои четири месеци, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Извор МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:предлог цениреколтатаРистескитутунУспешна
Претходен напис Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под три проценти, во рамките на проектираното
Следен напис Трипуновски: Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 15 отсто во последното тримесечје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?