Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Виница форум „Европската перспектива на македонскиот бизнис“ во организција на Стопанска комора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Виница форум „Европската перспектива на македонскиот бизнис“ во организција на Стопанска комора
Агровести

Во Виница форум „Европската перспектива на македонскиот бизнис“ во организција на Стопанска комора

Објавено 18/02/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бизнис Клубот Европа, како советодавно тело на Стопанска комора на Северна Македонија денеска во Виница го организира форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“.

Како што соопшти Стопанска комора, форумот ќе отвори клучна дебата за позиционирањето на македонските компании на единствениот пазар на ЕУ, економските придобивки од европската интеграција и улогата на женското лидерство во градењето конкурентна и извозно ориентирана економија.

Предвидени се изјави за медиуми на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и на Глигор Цветанов, претседател на Бизнис Клубот Европа и Извршен директор на „Макпрогрес“ ДОО Виница.

Бизнис Клубот Европа е формиран на иницијатива на претседателот на комората, Азески, за да обезбеди структурирана платформа за дијалог и координација помеѓу бизнис-заедницата, академската јавност, релевантните чинители во евроинтегративните процеси и дипломатските претставници од европските земји. Главниот фокус на делувањето на Клубот е насочен кон прашања поврзани со ЕУ, интеграцијата на македонското стопанство во европските процеси, ЕУ-дипломатијата и градењето политики кон ЕУ од перспектива на бизнис-заедницата.

Извор МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:виницамакедонскиот бизнисорганизцијаСтопанска комора
Претходен напис Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква 
Следен напис Без струја корисници во Центар, Бутел и Карпош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?