Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 јули се воведуваат  нови давачки за секоја онлајн пратка под 150 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 јули се воведуваат  нови давачки за секоја онлајн пратка под 150 евра
Агровести

Од 1 јули се воведуваат  нови давачки за секоја онлајн пратка под 150 евра

Објавено 15/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 1 јули 2026 година Европската Унија воведува нова фиксна царинска давачка од 3 евра за малите пратки со вредност под 150 евра што пристигнуваат од земји надвор од Унијата, најчесто преку онлајн продавници.


Со ова практично се укинува досегашното царинско ослободување за евтини нарачки, кое со години овозможуваше голем прилив на евтини производи од платформи како „Тему“, „Шеин“ и „АлиЕкспрес“


Новата давачка нема да се пресметува по пакет, туку по категорија на производ во рамки на пратката. Тоа значи дека ако во еден пакет има производи од различни тарифни групи, царината ќе се наплатува повеќекратно – по 3 евра за секоја категорија.


Мерката е најавена како привремена и ќе важи од 1 јули 2026 до 1 јули 2028 година, кога се очекува да стапи во функција новиот европски систем за царинска обработка („Customs Data Hub“), по што ќе следи целосна реформа на царинската унија.


Според европските институции, целта е да се намали нелојалната конкуренција кон европските трговци, да се подобри контролата на безбедноста и квалитетот на производите и да се спречат злоупотреби во онлајн трговијата.


За македонските граѓани мерката ќе има индиректно влијание – таа ќе се применува кога пратките пристигнуваат на адреси во земји членки на ЕУ (на пример преку роднини, пријатели или магацини во Унијата), додека директните пратки во Македонија ќе зависат од домашните царински правила.


Експертите оценуваат дека новата царина најмногу ќе ги поскапи евтините онлајн нарачки, бидејќи дополнителните 3 евра претставуваат значителен трошок за производи што чинат само неколку евра.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Темуцаринашеин
Претходен напис ЕУ ги одби предлозите на превозниците од Западен Балкан: Можни протести и блокади на граничните премини
Следен напис Поплавени 30 домови во скопската општина Сарај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?