Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
АгровестиАгросектор

Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој

Објавено 15/02/2026
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Но, тоа е зад нас, да видиме што е пред нас: 

1. Понеделник 16.02. 

– Посета на Универзитетот Гоце Делчев- Штип;

 2. Вторник 17.02. – Бизнис делегација од Словачка; 

3.  Среда 18.02. – Отворање на „Клубот Европа“ во „Макпрогрес“, Виница; 

4.  Четврток 19.02. – Дебата за извозот; 

5.  Петок 20.02. – Промоција на новото раководство на Регионланата Комора Кичево;

Вака изгледа мојата агенда за нареднава недела, која треба да се надополни со моето онлине учество на Меѓународна конференција во Тирана, на која ќе ја промовирам идејата за изградба на транспортно-логистички центри во Кичево и Драч, која првпат беше промовирана во 2013 година. Изработената Студија, финансирана од ЕУ, констатира дека е подобро ова решение, отколку изградба на нова пруга, помеѓу Кичево и Драч. Значи, од агендата гледаме дека фокусот на нашето работење во моментов е да се поддржат компаниите кои прават раст и додадена вредност., вели Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија во денешното интервју за „Фактор“. 

1. Зошто инвестиците ги детектирате како толку важен фактор

Нема економски развој без економска инфраструктура, која влијае врз деловните можности, но и врз вкупната привлечност на земјата за работа и инвестирање. Инфраструктурните проекти се еден од главните двигатели на градежниот сектор, и затоа Владата ја охрабруваме да порешително продолжи да инвестира во клучни проекти за подобрување на транспортната и енергетската инфраструктура, кои создадат и нови работни места. Настојувањето на бизнисот е домашните компании да учествуваат и во јавни проекти, што ќе ги стимулира и нивните капацитети за раст, и како главни изведувачи на капиталните проекти во земјата за да ја поттикне способноста за иновации и создавање нови економски вредности.

Стопанството би бележело подобри резултати ако реализацијата и динамиката на инфраструктурните проекти се финализира во зацртаните временски рамки. Во спортивно да се поднесе одговорност за доцнењето, односно нерелизацијата на проектите кои се клучни за македонската економија, а стопанството премногу долго чека на нивна целосна завршница.

2. Бизнисот зборува за инвестиции, но работниците во фирмите зборуваат за плата. Владата порачува договорот за висината на минималната плата да ја договорат работодавачите и работниците, иако постои Економско-социјален совет каде Владата е третиот партнер.

Јас како човек што ги предводи компаниите, и е секојдневно во директна комуникација со менаџерите и сопствениците, како и многу пати досега сум изјавил дека сум поборник на плата и приходи за работниците согласно вложениот учинок. Анализите на Комората и согледувањата на членките од органите и телатата ја потврдуваат тезата дека зголемувањето на платите мора да биде резултат на раст на продуктивноста на трудот и секое наметнато зголемување на платите, води до зголемени трошоци на компаниите и намалување на нивната конкурентност. Во рамки на пазарна економија, каква што Македонија се стреми да биде, цената на трудот треба да биде предмет на договор, а не резултат на административни одлуки.

Пазарот е најреален и најобјективен проценител на вредноста на трудот, а ваквиот модел на раст на минималната плата ќе преставува само спирала на поскапување на основните производи и услуги, што негативно би се одразило и врз компаниите и врз крајните потрошувачи.

3. Неколку пати ја споменувате конкурентноста на македонската економија, врзано за извозот, но еден од исто така важните прашања за кои во континуитет говорите е дигитализацијата. Како може овој процес да им помогне на компаниите.

Дигитализацијата не е можност за избор, туку е предуслов за функционирање во технолошки современиот свет. Таа дава можност за креирање на производи и услуги со голема додадена вредност и влијае многукратно кон серозно зголемување на БДП. Но, за да функционира бизнисот и целата економија во свет на дигитализација потребни се повеќе чекори и тоа:

1.     Јавниот сектор да примени унифицирано системско решение, а не некоординирани дигитални проекти. Фокусот е на ефикасноста, транспарентноста и елиминирањето на бирократијата. Овој концепт ќе помогне да се намалат трошоците, да се плаќа неколку кратно на различни институции за една иста активност и ќе се заштеди на време што е многу важно за компаниите. 

2.     Приватниот сектор, да премине кон масовно дигитализирање на процесите кое меѓу другото ќе овозможи и воспоставување мобилна инфраструктура за плаќање, преземање чекори за драстично намалување на неформалната економија преку имплементирање сертифицирани платформи за е-трговија кои ќе креираат доверба кај граѓаните и ќе понудат пониски цени, а на тој начин ќе го омасоват прометот. Со стандардизирање на алатките за дигитална трговија, македонските компании ќе може да се движат надвор од локалните граници и директно да се интегрираат во единствениот европски пазар на брз, сигурен и ефикасен начин.

4. Имате ли решение како може да се постигне се` ова што го детектирате како еден вид кочница за развој и конечно Македонија да се движи во насока на раст на БДП од 4 до 6 проценти, за, како што велите да ги почуствува економските придобивки?

Имам. Тоа е прашањето на одговорноста кое е заборавено далечната 1992 година. Одговорноста мора да се врати на голема врата. Да претставува темелен принцип на државата во која живееме. Бидејќи секоја нормална куќа има четири столба, ние ги имаме образованието за потребите на бизнисот, зголемување на извозот, регионаланата соработка и одговорноста. Ако по сите овие четири прашања во државата се изгради консензус на сите чинители на економската политика, тогаш можеме да кажеме дека сме направиле чекор напред.

5. Какви се односите помеѓу јавниот и приватниот сектор во моментов ?

Мислам дека е редно да се напомене и односот на оваа Вадата према бизнисот кој континуирано се одвива во последните 10 години, вклучувајќи го и периодот кога беше во опозиција. Посебно односот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен премиер, кој со своето однесување према бизнис асоцијата и компаниите претставува пример за нас како треба да функционираат тие релации. Да се рзбереме, ние ќе ја критикуваме Владата за секој нејзин потег што не е во согласност со темелните принципи на владеење на правото и пазарната економија, но, само доколку имаме подобро решение од нивното, а не по секоја цена. Тоа се здрави односи помеѓу приватниот и јавниот сектор.  

faktor.mk/intervju-azeski-ako-drzavata-seriozno-gi-analizirashe-predlozite-na-komorata-kje-imavme-mnogu-pogolem-rast-i-razvoj-kje-imavme-mnogu-pogolem-

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово
Утре од 4 до 6 часот трето авионско прскање против комарци во Крива Паланка
Таг:азескипорталстопанска комора
Претходен напис Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
Следен напис ПРОГЛАСЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КИЧЕВО: Десетици куќи под вода, евакуирани 200 граѓани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?