Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Десетици трактори пред грчкиот Парламент во центарот на Атина – земјоделците со порака дека нивната битка продолжува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Десетици трактори пред грчкиот Парламент во центарот на Атина – земјоделците со порака дека нивната битка продолжува
Агровести

Десетици трактори пред грчкиот Парламент во центарот на Атина – земјоделците со порака дека нивната битка продолжува

Објавено 13/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Порака дека нема да отстапат од нивните барања, за кои велат дека сè уште не се решени, испраќаат земјоделците од цели Грција преку протестот што попладнево го одржуваат на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, каде што стигнаа со десетици трактори што до утре наутро ќе останат паркирани пред Парламентот,
Земјоделците со тракторите поминаа низ централните улици, каде што со аплаузи беа поздравени и од насобраните граѓани, но и од случајните минувачи кои им изразија поддршка.

Процените се дека околу 50 трактори се пред грчкиот Парламент, а ни дождот не ги обесхрабри да продолжат со протестот.

Земјоделците со кои поразговара дописничката на МИА од Атина велат дека се разочарани и од владината политика и од владините мерки, дека не се исполнети нивните барања, дека владата не сфатила дека потребни се решенија за примарниот сектор, но и истакнуваат дека обединети ќе продолжиме со нивната борба.

– Бескомпромисноста нема да помина, имавме средби и тоа на највисоко можно ниво, се сретнавме со премиерот и наидуваме на ѕид, наидуваме на бескомпромисност. Продолжуваат да го убиваат животните, цената за производство сè уште е на високо ниво. Од сето она што ни го ветија не исполнија ништо, вели за МИА Вакис Циобанидис земјоделец и сточар од областа Еврос.

Со сличен став е и земјоделецот Аристидис од Лариса, коментира дека ниту еден од нивните проблеми не се решени.

– Не можеме да преживееме, трошоците за производство остануваат високи, вели земјоделецот.

Земјоделците од островот Крит беа првите кои утрово стигнаа во Атина со траект, додека пак оние од северна Грција, но и од Пелопонез пристигнаа организирано со автомобили и автобуси.

Тракторите дојдоа од централна Грција, од градовите Кардица, Трикала и Лариса, како и од Евија, односно од местата што се во близина на Атина.

До патарините на влезот во Атина транспортот беше со камиони, а од таму тракторите во конвој со придружба на полицијата стигнаа во центарот на градот.

Периферијата Атика постави и станица за превентивна дезинфекција на тракторите пред влезот во Атина за заштита од сипаниците кај овците и козите.

За време на протестот, претставници на земјоделците одржуваат говори, а тракторите и во текот на ноќта ќе останат пред Парламентот и планирано е како што стигнаа координирано и организирано, исто така координирано и организирано утре да си заминат од Атина.

Сличен протест земјоделците одржаа и во 2024 година, кон крајот на февруари кога со над 150 трактори пристигнаа во Атина, во текот на ноќта останаа пред Парламентот и си заминаа следниот ден.

Земјоделците, кои вкупно 55 дена, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини со поставени блокади, а минатиот месец се сретнаа со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку протестот сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека не се решени. ср/рп/

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:блокадигрцијатрактори
Претходен напис Директни плаќања за производство на семенски материјал за тутун
Следен напис Проф. Арсов: Ќе настрадаат сите што произведуваат и продаваат тутун, законот треба сериозно да се доработи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?