Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инфлацијата во јануари годинава во однос на декември лани е 0,7 проценти, во групата Транспорт – 9,3
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инфлацијата во јануари годинава во однос на декември лани е 0,7 проценти, во групата Транспорт – 9,3
Агровести

Инфлацијата во јануари годинава во однос на декември лани е 0,7 проценти, во групата Транспорт – 9,3

Објавено 13/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2 проценти.

Цените на мало во јануари годинава, во однос на декември лани, се намалени за 2,7 процента, а во однос на јануари лани се зголемени за 1,2 процент. 

Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на живот во следните групи: Транспорт за 
9,3 проценти, Информации и комуникации за 1,6 процент, Рекреација, спорт и култура за 1,5 процент, Облека и обувки за 1,2 процент, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во групите: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1 процент, Ресторани и услуги за сместување за 0,7 проценти, Услуги за образование, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти.

Трошоците на живот во групите Осигурување и финансиски услуги, Здравствена заштита и Храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и претходниот месец.

ДЗС појаснува дека поради стапувањето во сила на директно применливите регулативи на ЕУ и во согласност со препораките на Евростат, од јануари 2026 година индексите на трошоците на живот и хармонизираниот индекс на трошоците на живот се структурирани според новата европска класификација на личната потрошувачка според намената, ECOICOP-верзија 2, усогласена со класификацијата на Обединетите нации UN COICOP 2018, без промена на методолошкиот пристап на пресметка на индексите. 

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:декемвриинфлацијатајануариТранспорт
Претходен напис ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
Следен напис Кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер од северозападен правец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?