Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерството за дигитална трансформација и Асоцијацијата за е-трговија потпишаа меморандум за соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерството за дигитална трансформација и Асоцијацијата за е-трговија потпишаа меморандум за соработка
Агровести

Министерството за дигитална трансформација и Асоцијацијата за е-трговија потпишаа меморандум за соработка

Објавено 13/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) и Министерството за дигитална трансформација потпишаа меморандум за соработка, со кој Министерството официјално пристапува како почесен член на Асоцијацијата.

– Меморандумот воспоставува рамка за институционална соработка во областите на е-трговијата, дигитализацијата, вештачката интелигенција, дигиталните вештини и иновациите, со цел забрзување на дигиталната трансформација и развој на дигиталната економија во земјата – информираат денеска од Асоцијацијата за е-трговија.

На состанокот била истакната важноста на е-трговијата како интегрален дел од дигиталната економија и како клучен двигател на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија. АЕТСМ ја нагласила својата улога во поддршка на бизнис-секторот преку развој на нови продажни онлајн-канали, едукација, истражувања и иницијативи за унапредување на пазарот.

Во рамките на соработката, страните ќе разменуваат информации, анализи и експертиза, ќе учествуваат на заеднички настани и обуки, ќе развиваат едукативни и развојни програми и ќе разгледуваат можности за заедничка подготовка и реализација на проекти на национално и меѓународно ниво.

– Поттикнувањето на дигитализацијата на бизнис-секторот е еднакво важна како и дигитализацијата на државната управа. Таа нуди нови можности за раст на бизнисите, поголеми приходи, рационализација на расходи и простор за иновации. Оттука, партнерството со Асоцијацијата за е-трговија сметаме дека ќе придонесе кон поголема мобилизација на бизнис-секторот во насока на откривање на можностите што ги нудат новите алатки – истакна Андоновски.

Асоцијацијата изразила подготвеност да придонесе во имплементацијата на стратегијата за дигитализација „Смарт МК 2030“, особено во делот на дигитализација на ММСП, развој на дигитални вештини и поттикнување на безготовинските плаќања.

– Е-трговијата не е само уште еден канал на продажба – таа е инфраструктура на модерната економија. Преку оваа соработка со Министерството за дигитална трансформација правиме чекор кон системско позиционирање на е-трговијата како двигател на дигиталната економија и конкурентноста на македонските компании – посочила претседателката на АЕТСМ.

Соговорниците разговарале и за важноста од стимулирање на безготовинските плаќања и можните заеднички иницијативи во таа насока, кои во наредниот период ќе бидат дополнително разгледувани и разработувани. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Асоцијацијата за е-трговијамеморандумМинистерството за дигитална трансформација
Претходен напис Мицкоски: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД, силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија
Следен напис ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?