Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделското во Кавадарци постои 70 години, средношколците денеска го одбележаа празникот на лозарите и винарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделското во Кавадарци постои 70 години, средношколците денеска го одбележаа празникот на лозарите и винарите
Агровести

Земјоделското во Кавадарци постои 70 години, средношколците денеска го одбележаа празникот на лозарите и винарите

Објавено 12/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделското и шумарско училиште во Кавадарци постои 70 години, средношколците денеска го одбележаа празникот на лозарите и винарите Свети Трифун со богата културно-уметничка програма. Притоа истакнаа дека традиционално го одбележуваат празникот, кој е на 14 февруари и е значаен за историјата, културата и стопанството на овој крај.

– Мотото на нашето училиште е – денеска ученик, утре стручњак. Од ова училиште во текот на годините произлегле многубројни стручни лица. На овој начин ја одбележуваме традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата. Се верува дека празникот е заштитник на лозјата од мразови, суша, болести и штетници, секаков вид невреме. Со празнувањето на овој празник се верува дека годината за лозарите и винарите ќе биде родна, плодна и бериќетна, ќе се добијат високи и квалитетни приноси од грозје и ќе се произведе квалитетно вино – нагласија од училиштето.

Патем потсетија дека празникот Свети Трифун е ден на лозјето, надежта. Училиштето „Ѓорче Петров“ постои 70 години, а во него сега има и медицинска струка.

– Во февруари е студено, но во срцата на луѓето тлее надеж. Ова не е обичен ден, ова е денот на свети Трифун, ден кога земјата се благословува, а човекот се потсетува на трудот, верата и љубовта. Луѓето се собираат во лозјето со молитва, со почит и со љубов, како што правеле со векови – повторија од училиштето.

Притоа додадоа дека секоја година на овој ден симболично се почнува со работа во лозјата за новата производствена сезона со молитва.

– Лозата е како човекот, ако ја негуваме – ќе роди, ако ја заборавиме – ќе овене. А ја кроиме, или вршиме резидба, за да порасне посилна. Понекогаш мора малку да се отсече за да има повеќе живот. Како што човекот понекогаш мора да ги остави зад себе лошите мисли за да може да расте со добрина – истакнаа од земјоделското училиште.

Патем, потсетија дека за лозарите и за винарите лозата е надеж, нивна радост и нивна сила.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:70 годинивинаритеЗемјоделскотоКавадарцилозаритесредношколците денеска
Претходен напис Дополнителни директни плаќања за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ)
Следен напис Директни плаќања за набавка на лозов и овошен саден материјал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?