Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.02.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.02.2026 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.02.2026 година

Објавено 12/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на изминатата недела имвме променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд и врнежи од снег на планините. Од агрометеоролошки аспект, појавата на врнежи од дожд го подобруваат водно-физичкиот режим на почвата и ја надополнуваат влагата во почвата, со што се обезбедува добра залиха на влага за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој.

Ова е период кога се врши резидба кај овошните растенија. Зимската резидба се врши во текот на зимското мирување. Таа се смета како основна и задолжителна. Се применува со цел формирање на круните кај млади овошни растенија, но и во родни насади , со цел регулирање на родот кај растенијата. Режењето на овошките треба да се избегнува во услови на ниска надворешна температура и во услови на температура под -8°C, не се препорачува за изведување на оваа операција. Од друга страна пак, резидбата треба да заврши до фаза на бабрење, кога пупките лесно се оронуваат, затоа се препорачува земјоделските производители да имаат однапред добро испланирана програма за зимска резидба. Пред да се почне со резидба , потребни се информации на минатогодишниот пораст кај овошката, кој треба да биде индикатор.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

Препорака: Земјоделските производители да вршат редовни проверки и следење на состојбата на нивните посеви после дождот, проверка на задржување вода и да ги следат временски прогнози. Доколку почвените услови тоа го дозволуваат може да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување на работи во поле.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2°C, до 9°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 4°C до 17°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културисостојба
Претходен напис СУБВЕНЦИИ 2026: Произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Следен напис СУБВЕНЦИИ за предадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети, за 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?