На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
3.7. Директни плаќања за предадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и предале или заклале најмалку 20 гоеници во период од мај 2025 година до април 2026 година во регистриран кланичен капацитет и запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
-Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло и – Висината на поддршката од оваа подмерка се намалува со зголемување на бројот на заклани гоеници и тоа: од 20- 15.000 грла 100%, од 15.001 до 25.000 грла 80% и над 25.001 грла 50%.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
Извор: Службен весник бр.27, 11.02.2026 год.
