На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
2.1. Дополнителни директни плаќања за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ)
– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои согласно член 77 став (од Законот за земјоделство и рурален развој вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и се корисници од подмерките
– Висината на директни плаќања за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство е 15% од вкупната основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства од подмерките од ставот (2) на овој член и се доделува на следниот начин: а) директни плаќања по површина обработено земјоделско земјиште кај сите пријавени парцели кои се наоѓаат на надморска висина поголема од 700 метри согласно СИЗП за подмерките 1.1., 1.2. и 1.3. од ставот (2) на овој член и б) директни плаќања по грло добиток и пчелно семејство за регистрирани одгледувалишта во населени места со надморска висина поголема од 700 метри или со број на жители помал од 100 за подмерките 1.7., 1.8., 1.9., 1.10., 1.11. и 1.12. од ставот (2) на овој член.
Извор: Службен весник бр.27, 11.02.2026 год.
