На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година
4.1. Директни плаќања за набавка на лозов и овошен саден материјал
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат посадено сертифицирани лозови или овошни садници од домашно производство набавени од правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи на саден материјал регистрирани согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија за подигање на нови насади или реконструкција на постоечки;
– Висината на поддршката изнесува 35 денари за купен и посаден лозов калем и 40 денари за купен и посаден овошен садник во период од 1 ноември 2025 година до 31 март 2026 година;
– Минимално прифатлива посадена површина изнесува 0,5 ха, а максимално посадена површина до 2 ха;
-Прифатлив број на купени и посадени овошни садници по хектар изнесува најмалку 300 садници по хектар, а најмногу 1.500 овошни садници по хектар;
– Прифатлив број на купени и посадени лозови садници по хектар изнесува најмалку 1.389 саднци по хектар, а најмногу 4.000 садници по хектар и
– Максималниот износ на поддршка по корисник за оваа подмерка изнесува 240.000 денари. Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
4.2. Директни плаќања за набавка на посадочен материјал за пипер, домат и краставица
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства корисници од подмерка 1.3. од став (2) на овој член кои имаат купен и посаден сертифициран хибриден посадочен материјал за градинарски култури од видовите пипер, домат и краставица купен од домашен пазар во период од 1 март до 30 август 2026 година и имаат склучени договори за производство на сертифициран хибриден посадочен материјал не подоцна од 1 март 2026 година со производители на сертифициран посадочен материјал кои произведуваат во заштитени простори наменети исклучиво за производство на расаден материјал во санитарноисправни безвирусни услови со: употреба на сертифициран хибриден семенски материјал; спроведено Интегрирано управување за справување со штетници за следење на заболувања (Integrated Pest Management System); на подигнати табли за одгледување на растенијата од површината на земјата од најмалку 80 см и покриен под; со компјутеризирани оперативни системи систем за наводнување, за контрола на присуство на штетници, инсекти и болести, систем за климатско одржување на потребните услови, и во заштитени од контаминација логистички системи на дотур на суровини и складирање на расадот, а запишани во Регистарот на снабдувачи на саден материјал во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и
-Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по посадено растение купено по цена не пониска од 15 денари.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
