На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година
4.2. Директни плаќања за набавка на посадочен материјал за пипер, домат и краставица
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства корисници од подмерка 1.3. од став (2) на овој член кои имаат купен и посаден сертифициран хибриден посадочен материјал за градинарски култури од видовите пипер, домат и краставица купен од домашен пазар во период од 1 март до 30 август 2026 година и имаат склучени договори за производство на сертифициран хибриден посадочен материјал не подоцна од 1 март 2026 година со производители на сертифициран посадочен материјал кои произведуваат во заштитени простори наменети исклучиво за производство на расаден материјал во санитарноисправни безвирусни услови со: употреба на сертифициран хибриден семенски материјал; спроведено Интегрирано управување за справување со штетници за следење на заболувања (Integrated Pest Management System); на подигнати табли за одгледување на растенијата од површината на земјата од најмалку 80 см и покриен под; со компјутеризирани оперативни системи систем за наводнување, за контрола на присуство на штетници, инсекти и болести, систем за климатско одржување на потребните услови, и во заштитени од контаминација логистички системи на дотур на суровини и складирање на расадот, а запишани во Регистарот на снабдувачи на саден материјал во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и -Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по посадено растение купено по цена не пониска од 15 денари.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
