Програмата за Директни плаќања се усвои на седница на Влада и истата е објавена во Службен весник бр. 27 , 11.февруари 2026 година.
Во продолженија ви ја пренесуваме Уредбата за за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директни плаќања:
Член 1
Предмет на уредување
Со оваа уредба се пропишуваат поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2026 година.
Член 2
Поблиски критериуми по површина земјоделско земјиште, единица земјоделски производ и грло добиток, висина на директни плаќања.
(1) Поблиските критериуми по површина земјоделско земјиште, единица земјоделски производ и грло добиток, како и висината на директните плаќања во зависност од видот на културата, класата и квалитетот на земјоделскиот производ и видот на добитокот, се утврдуваат по области согласно подмерките утврдени согласно деловите II, III, IV и V од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
(2) Поблиските критериуми за подмерките од мерката за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства од дел II од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година се следни:







(3) Поблиските критериуми за подмерките од мерката за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства од дел III од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година се следни:


(4) Поблиските критериуми за подмерките од мерката за директни плаќања по единица производ (по килограм, по литар, по грло, по пиле, по бројлер, по несилка, по растение) во растителното и сточарското производство од дел IV од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година се следни:





(5) Поблиските критериуми за подмерките од мерката за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивни производи од дел V од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година се следни:


(6) Поблиските критериуми за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина од дел XI став (1) алинеја 3 код на мерка 214 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, како и висината на директните плаќања се следни:
1) За директни плаќања за грла говеда од автохтона раса буша:
– корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат минимум пет грла говеда од расата буша, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата буша кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
– земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата буша согласно член 7 од Законот за зоотехника (*) и
– висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по грло буша запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2026 година;
2) За директни плаќања за грла овци од автохтона раса праменка (овчеполска):
– корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат минимум 30 грла овци од расата праменка (овчеполска), ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на овци и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата праменка (овчеполска), кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
– земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата праменка (овчеполска) согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
– висината на директните плаќања изнесува 800 денари по грло праменка (овчеполска) запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2026 година;
3) За директни плаќања за грла кози од автохтона раса балканска коза:
– корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат минимум 30 грла кози од расата балканска коза, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на кози и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата балканска коза, кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
– земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата балканска коза согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
– висината на директните плаќања изнесува 800 денари по грло балканска коза запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2026 година;
4) За директни плаќања за грла говеда од автохтона раса домашен бивол:
– корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат грла говеда од расата домашен бивол, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата домашен бивол кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
– земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата домашен бивол согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
– висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по грло говедо запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2026 година;
5) За директни плаќања за грла овци од автохтони раси праменка (каракачанска) и праменка (шарпланинска):
– корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат грла овци од расата праменка (каракачанска) или праменка (шарпланинска), ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на овци и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расите праменка (каракачанска) или праменка (шарпланинска), кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
– земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата праменка (каракачанска) или расата праменка (шарпланинска) согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
– висината на директните плаќања изнесува 7.000 денари по грло праменка (каракачанска) или праменка (шарпланинска) запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2026 година;
6) За директни плаќања за одгледување на стопанско корисно автохтоно овчарско куче шарпланинец и овчарско куче караман:
– корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози, кои поседуваат најмалку 50 грла овци и/или кози евидентирани во Регистарот на овци и кози, и на денот на поднесување на барањето се сопственици на педигрирани кучиња од расата шарпланинец и караман на кои е извршена идентификација со микрочип;
– максимален број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство;
– висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по куче и се исплаќа за куче од расата шарпланинец и караман кое е на возраст над шест месеци на 30 септември 2026 година;
(7) Спроведувањето на подмерката 2.2. од став (3) на овој член ќе се врши согласно член 102 од Законот за земјоделство и рурален развој како дополнителна помош која се доделува на земјоделски стопанства корисници на директните плаќања од ставот (2) на овој член.
(8) Корисници на директни плаќања се земјоделски стопанства кои ги исполнуваат барањата согласно Правилникот за листа на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина.
(9) Во случај на несообразност со задолжителните барања или условите и посебните минимални услови за вкрстена сообразност, намалувањата или исклучувањата на корисниците од директните плаќања ќе се врши согласно Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директните плаќања во случај на несообразност (*).
Член 3
Начин на директни плаќања
(1) Директните плаќања во земјоделството за 2026 година ќе се извршуваат според поднесени барања за финансиска поддршка и рокови за поднесување на барањата со исклучок на подмерките 3.1., 3.2. и 3.5. од член 2 став (4) од оваа уредба и мерка 6 од дел VII од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
(2) Спроведувањето на подмерката 1.1. алинеја 5 од членот 2 став (2) од оваа уредба, кој се однесува на оризопроизводителите при поднесувањето на барањето ќе треба да достават изјава дека засеаните сорти на ориз не се од сортата чистач (clear fields).
(3) Реализацијата на подмерката 3.1. од членот 2 став (4) од оваа уредба ќе се врши според податоци за договорени и откупени количини необработен тутун од реколта 2025 година, внесени во Електронскиот систем за евиденција на тутун (во натамошниот текст: ИСЕТ) од страна на правни лица регистрирани во Регистарот на откупувачи на тутун. Вкупно откупените количини на тутун од реколта 2025 година, се внесуваат во ИСЕТ најдоцна до 31 март 2026 година.
(4) Реализацијата на подмерката 1.9. од членот 2 став (2) од оваа уредба и подмерките 3.2 и 3.5. од членот 2 став (4) од оваа уредба ќе се врши според податоци за откупени количини на овошни и градинарски култури, кравјо, овчо и козјо млеко за период од јануари 2026 година до декември 2026 година кои до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги доставуваат регистрираните откупувачи на овошни, градинарски култури и сурово млеко.
(5) Реализацијата на подмерките 3.6. и 3.7. од членот 2 став (4) од оваа уредба ќе се врши врз основа на податоци за предадени или заклани грла говеда за период од мај 2025 година до април 2026 година, за подмерките 3.8 и 3.9 од членот 2 став (4) од оваа уредба ќе се врши врз основа на предадени или заклани бројлери и несилки за период од 1 октомври 2025 година до 30 септември 2026 година, а за подмерките 1.7. и 1.9. од членот 2 став (2) од оваа уредба за говеда и јагниња од оваа уредба ќе се врши врз основа на податоци за предадени или заклани грла говеда и јагниња за период од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2026 година кои до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги достават регистрираните кланични капацитети во Република Северна Македонија до 31 јануари 2027 година.
(6) Административните проверки и контроли потребни за реализација на директните плаќања се вршат врз основа на податоци евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
(7) Спроведување на подмерките 1.1., 1.2., 1.3., 1.4., 1.5. и 1.6. од членот 2 став (2), подмерката 3.3. од членот 2 став (4) и подмерките 4.1. и 4.2 од членот 2 став (5) од оваа уредба се врши врз основа на барања кои треба да содржат податоци за површината на земјишните парцели евидентирани во СИЗП. Максималната дозволена површина на земјишните парцели евидентирани во СИЗП со утврдена употреба на земјоделско земјиште на земјоделското стопанство за кои се поднесува барање дополнително е ограничена со површината на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Административните проверки се вршат врз основа на податоците за површината на земјишните парцели евидентирани во СИЗП со утврдена употреба на земјоделско земјиште на земјоделското стопанство со состојба до денот на поднесување на барањето и со податоците за површините на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства со состојба до денот на поднесување на барањето. Контролата на самото место кај овие и кај сите останати подмерки кои се пресметуваат по површини се извршува на СИЗП наведени во барањето на кои барателот има декларирано производство.
(8) Спроведувањето на подмерките 1.7., 1.8., 1.9., 1.10. и 1.11. од членот 2 став (2) од оваа уредба во поглед на утврдување на бројната состојба на говеда, овци и кози се вршат врз основа на податоци од Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барањето, а утврдување на бројна состојба на маторици врз основа на потврди издадени од регистрирани ветеринарни друштва, а спроведувањето на подмерката 2.3. од член 2 став (3) од оваа уредба во поглед на бројната состојба на говеда, овци и кози се врши врз основа на податоци од Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барањето и врз основа на фактура или извод од трансакциска сметка за купено грло.
(9) Спроведување на подмерката 1.12. од членот 2 став (2) и подмерката 2.4. од членот 2 став (3) од оваа уредба се врши врз основа на податоци од Регистарот на одгледувалишта на пчели во Агенцијата за храна и ветеринарство и Регистарот на регистрирани – одобрени одгледувалишта на пчелни матици во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и податоци потврдени од регистрираното одгледувалиште на пчелни матици за нејзините членови кои ја спроведуваат одгледувачката програма за пчелни матици и бројот на пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици.
(10) Спроведувањето на подмерката 2.1. од член 2 став (3) од оваа уредба ќе се врши согласно член 77 став (8) од Законот за земјоделство и рурален развој, за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство (ПОМ).
(11) Во случај кога барателот од ставот (1) на овој член има поднесено барање за обесштетување по основ на природна непогода согласно Законот за заштита и спасување, во тековната година не може да биде корисник по подмерките 1.2. и 1.3. од член 2 став (2) од оваа уредба и подмерките 3.1. и 3.2. од член 2 став (4) од оваа уредба, при што за истото Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој треба да обезбеди податоци од единиците на локалната самоуправа.
(12) Кога барателот ги нема подмирено финансиските обврски кон Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје по основ на користење на пасишта во државна сопственост и подружниците на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола, Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“-Велес и Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип по основ на неплатен воден надоместок ќе се овозможи меѓусебно пребивање на ненамирените финансиски обврски со одобрениот износ на финансиска поддршка, по претходна согласност на барателот со поднесена изјава заверена на нотар дека е согласен ненамирените обврски да се пребијат со одобрената финансиска поддршка.
(13) Изјавата од ставот (12) на овој член барателот треба да ја достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во рок од 20 дена од денот на доставување на известувањето за ненамирени финансиски обврски од ставот (12) на овој член од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
(14) Во случај кога барателот нема да достави согласност во рокот од ставот (13) на овој член, на истиот не му се исплаќа одобрениот износ на финансиска поддршка.
(15) Доколку одобрениот износ на финансиска поддршка на корисникот не е доволен за подмирување на сите обврски на корисникот утврдени во ставот (13) на овој член, подмирувањето на обврските се врши по следниот редослед:
1. неподмирени обврски по основ на решенија за поврат на средства добиени согласно Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и Програмите за финансиска поддршка во руралниот развој од претходните години,
2. неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште,
3. обврски по однос на неплатен воден надомест и
4. неплатен надоместок за користење на државни пасишта.
(16) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски со состојба на 15 јануари 2026 година за неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште.
(17) Подружниците на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола, Јавното претпријатие за водостопанство ,,Лисиче” – Велес и Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип доставуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски со состојба на 15 јануари 2026 година по основ за неплатен воден надоместок.
(18) Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта-Скопје доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски со состојба на 15 јануари 2026 година за неплатен надоместок за користење на државни пасишта.
(19) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје и подружниците на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола, Јавното претпријатие за водостопанство ,,Лисиче” – Велес и Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип податоците од ставовите (16), (17) и (18) на овој член ги доставуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по електронски пат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба.
(20) Ажурирањето на внесените податоци врз основа на извршена уплата и/или технички грешки при пријавувањето на податоците за ненамирени финансиски обврски ќе го вршат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, подружниците на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола, Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“-Велес и Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип.
(21) Податоците од ставовите (16), (17), (18), (19) и (20) на овој член кои ги доставуваат: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје и подружниците на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола, Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“-Велес и Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејсности Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој треба да ги содржат видот на обврската, висината на обврската (главен долг и камата), основот од кој произлегува обврската, податоци за должникот (име и презиме/назив, матичен број на граѓанинот на Република Северна Македонија/ЕМБС), податоци за сметка на субјектот на која треба да се изврши исплатата на обврската и истите треба да бидат целосни, комплетни и валидни за да се сметаат за основ за вршење на пребивање.
(22) Спроведувањето на директните плаќања од членот 2 став (6) точките 1), 2), 3), 4) и 5) од оваа уредба, во поглед на утврдување на бројната состојба на говеда, овци и кози се врши врз основа на податоци добиени од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника (), потврдени од трети лица со кои признатите организации на одгледувачи имаат склучено договор за спроведување на активности за испитување на продуктивноста или на генетската вредност на животните предвидени во одобрените одгледувачки програми согласно член 7 од Законот за зоотехника ().
(23) Спроведување на директните плаќања од членот 2 став (6) точка 6) од оваа уредба се врши врз основа на податоци од педигрето издадено од Кинолошки сојуз на Република Македонија.
(24) Вкупниот максимален износ на директни плаќања по корисник пресметан во зависност од големината на површината на земјоделско земјиште, единицата земјоделски производ, бројот на грла добиток и влезните елементи во производството од подмерките од оваа уредба не може да биде поголем од 30.000.000 денари по корисник збирно за подмерките 1.1., 1.2., 1.3., 1.4., 1.5., 1.6., 3.1., 3.2., 3.3., 3.4., 4.1. и 4.2. од член 2 од оваа уредба и 30.000.000 денари по корисник збирно за подмерките 1.7., 1.8., 1.9., 1.10., 1.11., 1.12., 2.3., 2.4., 2.5., 3.5., 3.6., 3.7., 3.8., 3.9., 3.10., 3.11. и 4.3. од член 2 од оваа уредба.
(25) Спроведувањето на мерката 10 „Помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација“ од дел XI од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година ќе се врши врз основа на податоци за големина на земјоделска површина по вид на земјоделски производ пријавени во барањата за финансиска поддршка во земјоделството во 2025 година, за директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, директни плаќања по обработливa земјоделска површина за градинарски култури на отворено, пластеници и контролирани услови, директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади и директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади, при што висината на помошта за:
– пченица, јачмен, пченка,`рж, овес, ориз, тритикале, просо, култивирани лековити, ароматични и зачински растенија изнесува 3.200 денари по ха;
– сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) и луцерка изнесува 4.800 денари по хектар;
– домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат и за лозови насади изнесува 9.600 денари по хектар;
– јаболко, круша, слива, праска, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка изнесува 12.000 денари по хектар;
– дуња, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, гоџи бери, бадем и лешник изнесува 8.800 денари по хектар,
– тутун изнесува 11.000 денари по хектар и
– ореви и питоми костени изнесува 6.000 денари по хектар.
Доколку пресметаната висина на помош по земјоделско стопанство кое е со површина од 0,1 до 1 хектар е помала од 500 денари висината на помошта ќе се исплати во износ од 500 денари по земјоделско стопанство.
(26) За набавка на дизел гориво за земјоделска механизација Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка.
Член 4
Рокови за поднесување на барања
Крајните рокови за поднесување на барањата од член 3 од оваа уредба по одделни подмерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година се следните:
1. За подмерките 1.1., 1.2., 1.3., 1.4., 1.5., 1.6., 1.7., 1.8., 1.9., 1.10., 1.11. и 1.12. од членот 2 став (2), подмерката 2.2. од членот 2 став (3), подмерките 3.3., 3.6. и 3.7. од членот 2 став (4) и подмерките 4.1., 4.2. и 4.3. од членот 2 став (5) од оваа уредба, крајниот рок е до 15 мај 2026 година, а за подмерка 3.11. од членот 2 став (4) од оваа уредба крајниот рок е до 5 август 2026 година.
2. За подмерките 2.4. и 2.5. од членот 2 став (3) од оваа уредба крајниот рок е до 25 декември 2026 година.
3. За подмерките 3.4., 3.8., 3.9. и 3.10. членот 2 став (4) од оваа уредба крајниот рок за поднесување на барања е до 5 ноември 2026 година.
4. За подмерките од членот 2 став (6) од оваа уредба крајниот рок е до 31 октомври 2026 година.
Член 5
Правните лица кои се занимаваат со откуп, преработка и трговија на примарни земјоделски производи и услуги за колење, потребните податоци за реализирање на директните плаќања согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, на барање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги доставуваат во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
Член 6
Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.







ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2026 ГОДИНА
I
Средствата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година во вкупен износ од
6.061.345.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.253/25) раздел 14004, Програма 2, Потпрограма 20, Ставка 464-Разни трансфери ќе се користат според следните мерки:


V
Средствата од дел I мерка 4 од оваа програма наменети за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивни производи во износ од 5.000.000,00 денари ќе се користат според следните подмерки:

VI
Средствата од дел I мерка 5 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари се наменети за поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2026 година.
Корисници на средствата од дел I мерка 5 од оваа програма се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со пченица и јачмен согласно подмерката 1.1. од оваа програма.
Корисници на средствата од дел I мерка 5 од оваа програма се и земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со ориз согласно подмерката 1.1. од оваа програма и го имаат предадено оризот во период од 15 септември до 25 декември 2026 година, со исклучок на земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби.
За пченицата и јачменот од домашно производство од род 2026 година корисниците од ставот 2 на овој дел треба да ги имаат предадено пченицата и јачменот на складиштење кај складиштарите во период од 15 јуни до 15 септември 2026 година, со исклучок на земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби.
VII
Средствата од дел I мерка 6 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари се наменети за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според одобрена висина на поддршка за директни плаќања за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства, која не надминува 30.000 денари.
Корисници на директните плаќања од дел I мерка 6 од оваа програма се земјоделски стопанства кои се корисници на основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства од дел I мерка 1 од оваа програма и за кои висината на одобрените директни плаќања не надминува 30.000 денари.
Висината на поддршката од ставот 1 на овој дел изнесува дополнителни 10% од утврдената висина според мерка 1 од оваа програма.
VIII
Средствата од дел I мерка 7 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари за помош во премии и осигурување ќе се користат согласно член 98 од Законот за земјоделство и рурален развој со максимален износ на поддршка од 150.000,00 денари по земјоделско стопанство.
Помошта од ставот 1 на овој дел се доделува за премии и осигурување склучени од 1 август 2025 година до 31 јули 2026 година.
IX
Средствата од дел I мерка 8 од оваа програма во износ од 15.000.000,00 денари за помош во сточарскиот сектор се наменети за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, согласно член 103 став (2) алинеи 1 и 2 од Законот за земјоделство и рурален развој.
Корисници на помошта за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство согласно член 103 став (2) алинеја 1 од Законот за земјоделство и рурален развој се признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи впишани во Регистарот на признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за зоотехника (*).
Висината на помошта од став 2 на овој дел изнесува 80,00 денари, без данок на додадена вредност за впишано грло животно во матична книга или впишано грло во Регистар за приплод на хибридни свињи.
Корисници на помошта во сточарството наменети за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, согласно член 103 став (2) алинеја 2 од Законот за земјоделство и рурален развој се трети лица впишани во Регистарот на трети лица кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за зоотехника (*) и кои имаат склучено договор со призната организација на одгледувачи или призната организација на одгледувачи на хибридни свињи за спроведување на активности за испитувања на продуктивноста или на генетската вредност на животните или хибридните свињи предвидени во одобрените одгледувачки програми.
Висината на помошта од став 4 на овој дел изнесува: за грло животно од видот говеда впишани во матична книга изнесува – 4.000,00 денари, без данок на додадена вредност, за грло животно од видовите овци и кози впишани во матична книга изнесува – 1.400,00 денари, без данок на додадена вредност, за грло животно од видот свињи/хибридни свињи впишани во матична книга или Регистар за приплод за хибридни свињи изнесува – 1.000,00 денари, без данок на додадена вредност.
За реализација на дел I мерка 8 од оваа програма Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува отворени јавни повици за поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка до 30 септември 2026 година.
X
Средствата од дел I мерка 9 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари ќе се користат за анализа на физичките и хемиските својства на почвата на земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски или педолошки анализи во 2026 година и тоа 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000,00 денари по земјоделско стопанство.
XI
Средствата од дел I мерка 10 од оваа програма во износ од 520.000.000,00 денари ќе се користат согласно член 98-в од Законот за земјоделство и рурален развој за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства. Помошта од ставот 1 на овој дел е во висина од 100% од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000,00 денари по земјоделско стопанство.
XII
Дел од средствата од дел I мерка 11 од оваа програма во износ од 20.000.000,00 денари ќе се користат од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за покривање на материјални трошоци за спроведување на оваа програма и тоа за: услуги за печатење на обрасци и информативни материјали и огласи потребни за спроведување на оваа програма, услуги за печатење и достава на известувања до барателите, набавка и услуги за печатење на промотивен и репрезентативен материјал, услуги за уништување на документиран материјал, услуги за проверка на трансакциски сметки на корисниците на оваа програма, набавка на гориво и патни трошоци за вршење на контролите на терен, како и трошоци поврзани со одржување на возилата, услуги за изработка, прилагодување и одржување на софтверски решенија за спроведување на оваа програма, услуги од надворешни експерти вклучително и ревизија на оваа програма, услуги за обезбедување на сателитски снимки наменети за контролите на терен, набавка на информатичка и техничка опрема наменета за спроведување на оваа програма, вклучително и опрема потребна за спроведување на контролите на терен.
Дел од средствата од дел I мерка 11 од оваа програма во износ од 2.000.000,00 денари ќе се користат од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за набавка на информатичка и техничка опрема наменета за спроведување на оваа програма.
XIII
Средствата од дел I мерка 12 од оваа програма во износ од 2.625.345.000,00 денари ќе се користат за исплата на финансиски средства за заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 година.
XIV
Корисници на директни плаќања од дел I мерки 1, 2, 3, 4, 5, 7 и 9 од оваа програма се земјоделски стопанства кои ги имаат подмирено сите финансиски обврски согласно член 14-а од Законот за земјоделство и рурален развој.
XV
Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерките 1, 2, 3 и 4 од оваа програма е утврден во член 4 од Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 5 од оваа програма за пченица и јачмен е 30 септември 2026 година, а за ориз 25 декември 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 7 од оваа програма е 31 август 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 8 од оваа програма е 31 октомври 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 9 од оваа програма е 14 јули 2026 година.
XVI
Директните плаќања и дополнителните директни плаќања од оваа програма ќе се исплаќаат најдоцна до 30 јуни 2027 година.
XVII
Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Врз основа на член 35 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.253/25), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 10 февруари 2026 година, донесе
ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРВЕНТЕН ФОНД ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2026 ГОДИНА
(1) Со оваа програма ќе се реализираат интервентни мерки за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последиците од нарушувањата на пазарот предизвикани од зголемувањето на производствените трошоци за производство на земјоделските култури и ниските откупни цени, преку Интервентниот фонд за земјоделство.
(2) Средствата за реализација на оваа програма во износ од 250.000.000,00 денари обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.253/25), Раздел 14004 – Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: Агенцијата), Потпрограма 21 – Интервентен фонд за земјоделство, ставка 464 – Разни трансфери ќе се користат за следните интервентни мерки:

II
Средствата од делот I став (2) од табелата мерка 1 „Финансиска поддршка во земјоделството“ од оваа програма во износ од 140.000.000,00 денари се наменети за релизација на следната подмерка:

III
Финансиската поддршка од дел II за подмерката 1.1. „ Финансиска поддршка за интервенција во земјоделското производство” од оваа програма, ќе се врши врз основа на податоци за предаден земјоделски производ на регистрирани откупувачи и/или преработувачи кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои до Агенцијата ги доставува Државниот инспекторат за земјоделство за секое земјоделско стопанство одделно, најдоцна до 15 декември 2026 година.
IV
Средствата од делот I став (2) од табелата мерка 2 „Неизмирени обврски по подмерки од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството од 2022, 2023, 2024 и 2025 година” во износ од 110.000.000,00 денари се наменети за исплата на финансиски средства за неизмирени обврски по подмерките од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството од 2022, 2023, 2024 и 2025 година.
V
Исплатата на средствата од оваа програма ја врши Агенцијата врз основа на донесено решение за исплата од страна на Агенцијата, најдоцна до 25 декември 2026 година.
VI
Директорот на Агенцијата заклучно со 31 декември 2026 година доставува до Владата на Република Северна Македонија извештај со финансиски показатели за реализација на оваа програма и причини за отстапување.
VII
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
