Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откриена нова крвна група – решена мистерија стара повеќе од педесет години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откриена нова крвна група – решена мистерија стара повеќе од педесет години
Агровести

Откриена нова крвна група – решена мистерија стара повеќе од педесет години

Објавено 09/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 1972 година е земен примерок од крв на трудница кој со години бил дилема за научниците. 

„Анализите направени на жената покажале дека во нејзините црвени крвни зрнца недостасува површински молекул кој во тоа време бил присутен кај сите познати крвни групи. Ваквата необична аномалија останала необјаснета повеќе од половина век, информира порталот Нова.

Оваа аномалија, ги поттикнала истражувачите од Велика Британија и Израел да откријат нов систем на крвни групи кај луѓето. Резултатите биле објавени во 2024 година. Според Луиз Тили, хематолог од британската Национална здравствена служба, пронаоѓањето на нов систем на крвни групи и овозможување на најдобра нега за ретките, но не помалку важни пациенти, претставува огромно достигнување на долгорочна, тимска работа.

Народот е запознаен само со неколу крвни групи од системот АВО и Рх факторот, но  постојат голем број различни крвни системи, засновани на протеини и шеќери кои ја покриваат површината на крвните клетки. Овие молекули, познати како антигени, служат како своевидни идентификациски ознаки што му помагаат на организмот да ги разликува сопствените клетки од опасните, туѓи клетки. По овој податок,  усогласеноста на крвните групи е значајна при трансфузија. Ако крвните групи на дарителот и примателот не се совпаѓаат, последиците можат да бидат сеиозни, па дури и смртоносни.   

Од страна на научниците, на почетокот на 20 век, биле откриени повеќето крвни групи, додека подоцнежните откритија се направени на мал број луѓе. Претходните истражувања покажале дека повеќе од 99,9 проценти од луѓето поседуваат антиген наречен ( AnWj), кој недостасувал во примерокот од крв од 1972 година. Според овој антиген, научниците, новиот систем го нарекле МАЛ (MAL) крвна група. 

Кај лицата кои имаат мутирани двете копии од овој ген, доаѓа до целосно отсуство на (AnWj )антигенот, што доаѓа до исклучително ретка, таканаречена (AnWj) негативна крвна група, каква што имала и бремената жена. Истражувачите, сепак, идентификувале и неколку пациенти без оваа генетска мутација, кај кои антигенот бил потиснат, што укажува дека одредени нарушувања на крвта можат да влијаат врз неговата појава.

За конечно да ја потврдат улогата на генот МАЛ, научниците по децении работа ја вметнале неговата нормална верзија во крвни клетки кои немале (AnWj) антиген. На тој начин практично го „вратиле“ недостасувачкиот маркер на површината на клетките, со што врската меѓу генот и новата крвна група била дефинитивно потврдена.

Интересен е податокот дека овој антиген не се појавува кај новороденчињата, туку се развива набргу по раѓањето. Иако сите (AnWj) негативни пациенти во студијата ја имале истата мутација, кај нив не биле забележани други клеточни абнормалности ниту дополнителни заболувања поврзани со ова генетско својство.

По ова откритие, може да се тестираат пациентите и да се утврди дали ретката МАЛ негативна крвна група е наследна или е последица на потиснување на антигенот, што може да укажува на друг здравствен проблем. Според научниците, иако ваквите крвни варијации се исклучително ретки, тие можат да имаат сериозни, па дури и фатални последици за заболените.

По повеќе од педесет години, конечно е откриена загатката што го вознемирувала  научниот тим. Истражувањето е објавено во научното списание „Блад“Blood. 

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:крвна групамистеријановаоткриена
Претходен напис Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со – 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
Следен напис За земјоделците во ЕУ: Kредити од 1.000 до 25.000 евра со каматна стапка од 0,5 проценти и грејс период до 12 месеци за набавка на семе, ѓубрива, гориво…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?