Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем на македонска традиционална храна во Скопје: „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Саем на македонска традиционална храна во Скопје: „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“
Агровести

Саем на македонска традиционална храна во Скопје: „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“

Објавено 07/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната федерација на фармери (НФФ) денеска организира Саем на македонска традиционална храна под мотото „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“. Настанот ќе се одржи во Скопје City Mall, во периодот од 10:00 до 20:00 часот.

Саемот има за цел унапредување на пласманот на традиционалните производи и зајакнување на малите локални производители. 

На настанот ќе се претстават 35 мали фармери и рурални производители од различни региони на земјата, кои ќе понудат автентични македонски традиционални производи, подготвени според проверени рецепти и со почит кон локалната традиција и природата. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат домашни производи, директно од производителите.

-Овој саем е можност да ги приближиме малите рурални производители до потрошувачите и да ја истакнеме вредноста на македонските традиционални производи, кои се дел од нашето културно и гастрономско наследство. Преку вакви настани ги зајакнуваме пазарните врски и придонесуваме кон одржлив развој на руралните заедници, вели Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери.

Настанот се реализира со поддршка од Шведска и организацијата We Effect, во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.

Во рамки на саемот, во 10:30 часот, изјави за медиуми ќе дадат претставници на Националната федерација на фармери и оператори за храна, кои ќе зборуваат за значењето на поддршката на малите земјоделци и важноста од зачувување и промоција на македонската традиционална храна. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:македонскаСаемСкопјетрадиционална храна
Претходен напис Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
Следен напис АМСМ: Намалена видливост поради појава на магла до 60 м. на патниот правец Гевгелија – г.п.Богородица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?