Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ССМ од 10 февруари почнува со блокади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ССМ од 10 февруари почнува со блокади
Агровести

ССМ од 10 февруари почнува со блокади

Објавено 03/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сојузот на синдикати на Македонија преминува кон втората фаза од активностите за зголемување на платите. Блокадите почнуваат од 10 февруари со блокирање во македонското Собрание, а продолжуваат на 12 февруари со блокади пред Стопанската комора. Блокадата пред Владата е најавена за 17 февруари. 

– Вчера истече рокот којшто илјадници работници им го дадоа на пратениците во Собранието да направат брзи измени на Законот за минимална плата, со кои минималната плата ќе се зголеми на 600 евра, а останатите плати ќе се зголемат за разликата од зголемувањето на минималната плата, односно најмалку за 6.000 денари. Игнорантскиот однос што го покажуваат пратениците кон работниците предизвика да преминеме на втората фаза од активностите што ги спроведуваме за зголемување на работничките плати, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Утре во 11 часот, ССМ ќе достави и иницијатива до Собранието за измени и дополнувања на Законот за плата и други надоместоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица.

– Со оваа иницијатива го менуваме членот со кој е утврдена основицата за пресметка на платите, така што наместо досегашната просечна плата како основица за пресметка по коефициент на сложеност, основица ќе биде минималната плата по коефициент на сложеност. На овој начин, им даваме можност да покажат дека нема да овозможат дополнително зголемување на инфлацијата во Македонија и дека се подготвени да ги намалат своите плати за 40 проценти само со измена на оваа законска одредба, а дополнително да ги намалат и коефициентите за сложеност за 40 проценти, рече Трендафилов.

Доколку не го направат тоа, ССМ почнува иницијатива за собирање на 10.000 потписи за да стане овластен предлагач на вакви законски измени. 

Дваесет и четиричасовниот генерален штрајк останува опција, а не се исклучува можноста и за организирање на уште еден протест како оној што се одржа минатата среда.

Во однос на тоа да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор, од ССМ велат дека нема да дозволат работниците да се откажат од еднаш стекнато право загарантирано со Устав и закон.

–  Да се откаже работник од стекнато право гарантирано со Устав и закон е спротивно на Законот за работни односи, кој јасно предвидува дека ниту еден работник нема право да се откаже од право утврдено со закон или колективен договор, рече Трендафилов.

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:блокадиССМ
Претходен напис Четири општини од Тиквешко со подготовки за Свети Трифун, празникот заштитник на лозарите и винарите
Следен напис Одлучувачки состанок во Брисел, одложување на правилата за транспортерите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?