Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Четири општини од Тиквешко со подготовки за Свети Трифун, празникот заштитник на лозарите и винарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Четири општини од Тиквешко со подготовки за Свети Трифун, празникот заштитник на лозарите и винарите
Агровести

Четири општини од Тиквешко со подготовки за Свети Трифун, празникот заштитник на лозарите и винарите

Објавено 03/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четири општини од Тиквешко со подготовки за Свети Трифун, празникот заштитник на лозарите и винарите. Од локалните самоуправи Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија најавуваат многубројни настани за достојно одбележување на традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата. Се верува дека празникот е заштитник на лозјата од мразови, суша, болести и штетници, секаков вид невреме. Со празнувањето на овој празник се верува дека годината за лозарите и винарите ќе биде родна, плодна и бериќетна, ќе се добијат високи и квалитетни приноси од грозје и ќе се произведе квалитетно вино.

Празникот Свети Трифун е ден на лозјето, надежта, велат од средното земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров“, кое постои 70-ина години, во изјава за МИА. Од таму потврдуваат дека и годинава продолжуваат со традиционалното одбележување на празникот.

– Во февруари е студено, но во срцата на луѓето тлее надеж. Ова не е обичен ден, ова е денот на свети Трифун, ден кога земјата се благословува, а човекот се потсетува на трудот, верата и љубовта. Луѓето се собираат во лозјето со молитва, со почит и со љубов, како што правеле со векови – истакнуваат од училиштето.

Притоа нагласуваат дека секоја година на овој ден симболично се почнува со работата во лозјата за новата производствена сезона со молитва.

– Лозата е како човекот, ако ја негуваме – ќе роди, ако ја заборавиме – ќе овене. А ја кроиме, или вршиме резидба, за да порасне посилна. Понекогаш мора малку да се отсече за да има повеќе живот. Како што човекот понекогаш мора да остави зад себе лоши мисли за да може да расте со добрина – потенцираат од земјоделското училиште.

Патем, потсетуваат дека за лозарите и за винарите лозата е надеж, нивна радост и нивна сила.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Свети ТрифунТиквешкоЧетири општини
Претходен напис УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година, досега реализирани 184,5 милиони денари 
Следен напис ССМ од 10 февруари почнува со блокади
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?