Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел
Агровести

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

Објавено 03/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска паднаа на 66 долари бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите од Вашингтон и Техеран дека се подготвуваат разговори за прекин на заканите со снабдувањето.

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин за 3,31 долари и чинеше 61,90 долари.

На почетокот на новата недела, пазарите ги смирија индикациите дека Иран и САД би можеле да седнат на преговарачка маса.

САД испратија група воени бродови на Блискиот Исток, со пораката на претседателот Доналд Трамп до Техеран дека што е можно поскоро треба да се преговара за нуклеарен договор. Во јуни минатата година, САД, заедно со Израел, ги нападнаа нуклеарните објекти на Иран и бројни воени локации. Иран одговори со напаѓање цели во Израел и американската воена база во Катар.

Кон крајот на минатата недела, Трамп рече дека Иран „разговара сериозно“, а високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани рече дека се во тек подготовки за преговори.

И Техеран сака да преговара што е можно поскоро, според изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, со цел што е можно поскоро укинување на санкциите.

Неименуван ирански функционер и западен дипломат за Ројтерс изјавија дека американскиот специјален претставник, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, би можеле да се сретнат во Турција во наредните денови.

Анкара веќе минатата недела објави дека е подготвена да посредува.

„Ги повикуваме двете страни на преговарачка маса“ со цел да се решат спорните прашања, „едно по едно“, изјави шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, на крајот од минатата недела.

Пазарите стравуваат дека Техеран ќе одговори на американскиот напад со блокирање на Ормутскиот теснец, низ кој минуваат 20 милиони барели нафта дневно.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:барелВашингтоннафтатаСмирувачките поракиТехеран
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата
Следен напис Намален бројот на работниците во индустријата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?