Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Објавено 03/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ, Димитриеска-Кочоска истакна дека платата на ниту еден работник никогаш не е доволна и секогаш треба да биде повисока, но постојат економски правила кои мора да се земат предвид.

-Нека седнат да се договрат меѓусебе колку можат да носат товар работодавачите, зашто тие треба да ги исплатат платите. Кажете ми каде во светот државата ги покрива платите на приватниот сектор? Владата може да ги покрива платите на администрацијата, а тука станува збор за приватниот сектор. Не можеме да ги мешаме работите. Пензионерите се дел од Буџетот, исто и платите на  администрацијата. Ние ги зголемивме платите во здравството, образованието, МВР,…, се погриживме за нашите вработени. Ова е дијалог што треба да го водат работодавачите и работниците. Владата вели – „ние го поставивме законот, ако сметате дека треба да одиме надвор од законот, договорете се“, објасни министерката.

На прашање зошто Владата не се водеше од истата логика и за одлуката за зголемување на пензиите линеарно за пет илјади денари иако постоеше закон што предвидуваше како се прави усогласување, Димитриеска-Кочоска одговори дека има разлика, бидејќи пензиите биле предизборно ветување.

-Тоа е програма што ја гласало мнозинството на граѓани кои излегле да гласаат на изборите во 2024 година. Што значи дека граѓаните поддржале таков предлог. Зголемувањето на пензиите со политичка одлука и барањето на ССМ за минималната плата се различни работи, рече министерката. 

Потенцира и дека во однос на минималната плата има закон и тоа е ставот на Владата.

-Владата во моментот вели дека Законот за минимална плата е тој што е бо сила. Кај пензионерите, ние не го зголемуваме купот. Сега, ние го зголемивме во програмата со ветувањето 5 000 денари за секој пензионер, па потоа се вративме на постоечкиот закон. Меѓутоа, и таму кажавме линеарно. Вкупниот износ на пензии што ги даваме, не ги променивме. Во конкретнава ситуација, остануваме на постоечкото законско решение. Начинот како ги префрламе средствата, појасни Димитриеска-Кочоска.

На прашањето дали ќе се зголемат платите на функционерите овој месец, Димитриеска-Кочоска рече дека нема таква информација и дека не знае дали тоа ќе се случи или не. Во однос на ова, не го кажа личниот став зашто, како што напомена, многу пати во минатото бил злоупотребуван.

-На Влада не е ништо дискутирано, не сум ресорен министер одговорен за платите на функционерите и ќе Ве замолам ова прашање да го упатите до ресорното министерство, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ДијалоготДимитриеска-Кочоскаминималната платаРаботниците
Претходен напис Без струја дел од корисниците на село Горно Соње
Следен напис Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?