Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Франција ги заостри правилата за млеко за доенчиња по повлекување на одредени производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Франција ги заостри правилата за млеко за доенчиња по повлекување на одредени производи
Агровести

Франција ги заостри правилата за млеко за доенчиња по повлекување на одредени производи

Објавено 31/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Франција ја намали дозволената безбедносна граница за токсинот цереулид во формулата за доенчиња, со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите откако повеќе големи производители наложија повлекување на производи ширум светот поради сомнеж за контаминација, соопшти денеска француското Министерство за земјоделство.

Новиот праг изнесува 0,014 микрограми цереулид по килограм телесна маса, во однос на досегашните 0,03 микрограми по килограм, наведено е во соопштението, пренесува „Фигаро“.

Цереулид е токсин кој може да предизвика мачнина и повраќање. Токсинот е откриен во состојки од фабрика во Кина која снабдува голем број производители на формула за бебиња, меѓу кои се Нестле, Данон и Лакталис. Тоа доведе до повлекување на производите во десетици земји и предизвика загриженост кај родителите.

Одлуката на Франција е донесена по состанокот на Европската унија на 28 јануари и е во согласност со ажурираните насоки на Европската агенција за безбедност на храната, кои би требало да бидат објавени в понеделник, наведува ресорното министерство.

Нискиот праг на безбедност веројатно ќе доведе до дополнителни повлекувања на производи од пазарот во Франција во наредните денови.

Француските истражители на 23 јануари соопштија дека испитуваат дали постои врска меѓу смртта на две доенчиња и повлекувањето на контаминираната формула.

Во меѓувреме, организацијата на потрошувачи „Foodwatch“ поднесе кривична пријава во Париз во име на осум семејства чии бебиња, како што наведуваат, се разболеле по консумирање на спорната формула, обвинувајќи ги компаниите дека предолго чекале да ја предупредат јавноста. Случајот укажа на тоа како една контаминирана состојка може брзо да се прошири низ глобалниот синџир на снабдување со храна за доенчиња, и покрај строгата регулатива, и да предизвика нарушувања на пазарот.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:доенчињамлекопроизводиФранција
Претходен напис Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
Следен напис Трипуновски од Велес: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?