Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
Агровести

Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“

Објавено 31/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од утре почнува сезоната на спортски риболов по Радика и Мавровското езеро, информираат од управата на Националниот парк „Маврово“. Риболовот ќе биде дозволен до крајот на октомври.

Од НП „Маврово“ појаснуваат дека спортскиот риболов на Мавровско Езеро е дозволен до 31 мај за време на викенд и државни празници, а понатаму ќе може да се риболови секој ден. Спортскиот риболов на Мавровско Езеро е дозволен за сите видови риби, освен пастрмка, која е во период на природен мрест.

По Радика и притоките дозволени денови за риболов од 01.02.2026 година до 30.09.2026 година се: петок, сабота, недела и државни празници. Во летните месеци јули и август, риболовот ќе биде дозволен секој ден.

За ловење риби на територијата на НП „Маврово“ потребно е да се купи риболовна дозвола и да се поседува легитимација за спортски риболов со платена членарина за тековната година.

Од Националниот парк „Маврово“ испраќаат апел до сите спортски риболовци да ги почитуваат законските одредби, забраните за риболов на одредени видови риби во одредени периоди од годината, како и дозволениот број и минималната големина на уловот.

Дневната риболовна дозвола чини 300,00 денари, годишна, 5.000,00 денари, додека за категориите ученици, студенти и пензионери годишната дозвола чини 3.000,00 денари. За месното население износите се за половина пониски од редовните. Дозволите може да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови и онлајн на сајтот на паркот. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:1 февруариМавровосезонатаспортски риболов
Претходен напис Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула
Следен напис Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?