Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Саеми и манифестации

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата

Објавено 30/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 50 излагачи од цела Македонија – производители на органска храна, локални деликатеси, зимници, слатка и други традиционални преработки, пчелари, мали, семејни винарии, но и туристички агенции, се само дел од учесниците на Саемот за туризам: рурални домаќинства што ќе се одржува утре и задутре во Скопје.

Организаторите најавуваат два дена исполнети со автентични вкусови, знаења, искуства и инспирација од македонското рурално богатство, програма со презентации, дегустации, гастрономски работилници, музички перформанси и разговори на тема рурален и одржлив туризам.

Влезот на Саемот е бесплатен, а посетителите ќе добијат ваучер со 15 отсто попуст и на производите и на услугите што руралните домаќинства ги нудат. 

Како што беше речено на денешната прес-конференција по повод Саемот, руралните семејства се бренд-амбасадори на Македонија, наша гордост, историја, традиција и култура. Во земјава досега се мапирани повеќе од 100 рурални домаќинства, а според последните податоци, за една година двојно е зголемен интересот кај младите за развој на еко-туризмот. Има и преку 4 000 земјоделски домаќинства, секое со потенцијал за развој на рурален туризам. Со оглед дека недостасуваат сместувачки капацитети, битно е вмрежувањето на домаќинствата – едни да нудат производи, а други сместувања.

-Саемот предвидува и креативни, како и едукативни детски работилници, но и средби со луѓе кои ја живеат и ја споделуваат руралната приказна. На едно место ќе ги обединиме најавтентичните агро-еко приказни од Македонија, ќе ги приближиме руралниот и искуствениот туризам до пошироката јавност и ќе покажеме дека патувањето не е само дестинација, туку и доживување, поврзување и учество во секојдневниот селски живот, велат од „Јавна соба“, која е еден од организаторите и местото каде ќе се одржува овој настан.

Додаваат и дека е педвидена богата програма за домашни и странски посетители, туристички професионалци, семејства и за сите љубители на автентични рурални доживувања.

-Саемот ќе го промовира локалното производство и директното поврзување на посетителите со производителите. Секој производ носи своја приказна, регионален идентитет и знаење пренесувано на генерациите. Овој настан е дел од пошироката визија за одржлив и креативен туризам, развој на туризмот по должината на трасата Е-75, развој на руралните средини и акцентирање дека посетителот во Македонија не е само гостин, туку активен учесник – некој што останува подолго, учи, вкусува и се поврзува со местото и луѓето, потенцираат од „Јавна соба“. 

Во рамки на Саемот ќе бидат достапни информации за организирани активности во руралните домаќинства, настани во природа за групи и поединци, како и гастрономски и вински пакети. Промовиран ќе биде и публикација за агро-еко туризам – вид прирачник за руралните семејства што треба да им помогне во градењето и развојот на бизнисот.

Саемот го организираат Министертвото за култура и туризам, „Јавна соба“, Земјоделскиот институт – Скопје, Амбасадата на Република Словенија и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. 

Може да ви се допадне

Во Струмица Саем на социјални иновации – UPSHIFT
Пчелари од Делчево и регионот на првиот Саем на пијанечки мед
Регионалната занаетчиска комора Куманово најави саем за поддршка на женското претприемништво
Росоман организира бесплатен превоз за земјоделци на саем во Солун
Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата 
Таг:автентични вкусовирурални домаќинстваСаемтрадицијата
Претходен напис Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
Следен напис АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?