Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
Агровести

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Објавено 30/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус+“ на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За набавка на автобуси ќе се користи кредит со рок на отплата од вкупно 15 години и каматна стапка од 3,25 проценти преку меѓувладин договор со Унгарија. 

Мицкоски посочи дека кредитот ќе биде под исти услови како и претходно, со каматна стапка од 3,25 проценти, три години грејс-период и дополнителни 12 години отплата, што ќе значи вкупно 15 години задолжување на државата во рамките на стратешкото партнерство со унгарската влада.

– На владина седница донесовме одлука во рамките на влада со влада договорот што го имаме со Унгарија дел ќе биде кредит под исти услови што ги имавме во претходниот случај, односно три години грејс-период и дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка – рече Мицкоски.

Град Скопје, додаде, претходно побарал 250 автобуси, но, како што рече, во оваа фаза ќе добие дел од нив заедно со полначи, како и другите општини што имаат организиран јавен превоз за кои Мицкоски рече дека исто така ќе добијат дел од побараните автобуси.

– Град Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100 автобуси со 50 полначи, а другите општини, кои имаат организиран градски превоз, побараа, мислам дека беа 89 автобуси, а ќе добијат 50 со 25 полначи – рече Мицкоски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:150 електрични автобусинабавкаОбезбедениСкопје
Претходен напис Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според законот, ќе има зголемување и нивелирање
Следен напис Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?