Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
Агровести

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година

Објавено 30/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво. Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Според Министерството, во 2025 година се склучени 289 договори за концесии, при што вкупно се наплатени 1.223.455.203,00 за разлика од 2024 година кога биле склучени 342 договори, а наплатени 561.544.717,00 денери. Ова, велат од Министерството, преставува зголемување на наплатата од 218 проценти.

Како што велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, овие клучни резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите вклучувајќи засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери што не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголемил износот на концесиски надоместок до 100 проценти, како и подобра координација меѓу Министерството и општините.

– Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините, каде што работат концесионерите, како и на државниот буџет. Зголемената наплата овозможува значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори, какои и поголеми средства за заштита на животната средина – се вели во сооптението од Министерството.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, велат оттаму, останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2025 годинаМЕРМСприходи
Претходен напис Демир Капија организира натпревари во закројување лоза и најдобри вина и ракии
Следен напис УХМР: Продолжува облачно и дождливо време, од недела со пообилни врнежи од дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?