Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Демир Капија организира натпревари во закројување лоза и најдобри вина и ракии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Демир Капија организира натпревари во закројување лоза и најдобри вина и ракии
Агровести

Демир Капија организира натпревари во закројување лоза и најдобри вина и ракии

Објавено 30/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Демир Капија организира натпревари во закројување винова лоза и најдобри вина и ракии произведени во домашни услови. Како што информираа од локалната самоуправа, овие и многу други настани, се организираат во рамки на традиционалната манифестација „Недела на традицијата – Свети Трифун 2026“ година.

На програмата за одбележување на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, се и традиционалната велосипедска винска тура, базар на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети.

– Годинава, неделата на традицијата ја започнуваме со одмерување на вештините во закројување винова лоза, помеѓу искусни кројачи, во лозов насад во Демир Капија. На агендата се театарска претстава, читање проза и поезија и доделување признанија на учесници на литературен конкурс, изложба и доделување признанија на учесници на ликовен конкурс, ликовна изложба на тема вино и лозарство, музичка програма. Централниот настан ќе биде на 14 февруари, на денот што се смета за заштитник на лозарите и винарите, ќе имаме свечено закројување на винова лоза, појаснија од Општината.

Оттаму информираа и за датумите што треба да ги испочитуваат сите заинтересирани за учество во натпреварите што ги организираат во рамки на манифестацијата. Притоа повикаа, навремено да се пријават и сите заинтересирани за обезбедување штандови на градскиот плоштад во Демир Капија, за продажба на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Демир Капијазакројувањенатпревариракии
Претходен напис (ВИДЕО) Запознајте ги најмладите земјоделци, другарите Миле и Мате кои сонуваат да имаат земјоделско стопанство
Следен напис МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?