Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светската здравствена организација повикува на оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светската здравствена организација повикува на оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
Агровести

Светската здравствена организација повикува на оданочување на слатките и алкохолните пијалаци

Објавено 30/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Засладените и алкохолните пијалаци се преевтини бидејќи недоволно се оданочуваат, што доведува до повисоки стапки на дебелина, дијабетес и други болести, истакна Светската здравствена организација (СЗО) додавајќи дека децата и адолесцентите се особено погодени од тоа.

На таквите пијалаци би требало да се воведат даноци или да се зголемат постојните, порачува Светската здравствена организација. Со тоа пијалаците би станале поскапи, а со самото тоа и помалку би се консумирале, додека истовремено би се собрале повеќе пари за здравствениот систем.

Според податоците на СЗО, 116 земји ширум светот веќе ги оданочуваат безалкохолните пијалаци и другите засладени пијалаци, но многу други пијалаци со висок удел на шеќер и понатаму не се опфатени со даноците, како што се стопроцентните овошни сокови, засладените млечни напитоци и готовите кафиња или чаеви.

– Здравствените даноци се една од најмоќните алатки што ги имаме за промовирање на здравјето и спречување на болестите, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

СЗО исто така истакна дека најмалку 25 земји, главно во Европа, вклучувајќи ја и Германија, немаат посебни акцизи за виното.

За разлика од виното, жестоките алкохолни пијалаци како овошните ракии, коњакот, вотката или вискито подлежат на данок на алкохол, додека пивото се оданочува со посебен данок на пиво. Консумацијата на алкохол може да доведе до болести, насилство и повреди, предупредува еден од директорите на СЗО, Етиен Круг.

– Додека индустријата остварува профит, јавноста често ги сноси здравствените последици, а општеството економските трошоци, рече Круг.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:алкохолнитеоданочувањепијалацисзослатките
Претходен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Расадосеалки од полскиот производител AGRO-OSEK – Робусни, висококвалитетни, ефикасни
Следен напис Посебен сообраќаен режим утре во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?