Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
Агровести

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат

Објавено 27/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Итно се повлекува од македонскиот пазар производот Аптамил АР 2, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и апелира потрошувачите кои го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото каде што го купиле.

– Нашите испекциски служби вчера спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна – увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ, добивме известување за пласиран небезбеден производ на македонскиот пазар. Станува збор за APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA. Со контролата утврдено е дека целокупната увезена количина е дистрибуирана на пазарот во Македонија, односно производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот, информира АХВ.

Според АХВ, во однос на повлекувањето неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, се проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив не е добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ.

– Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја следиме состојбата и доколку се јави потреба, навремено ќе реагираме со преземање соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Аптамил АР 2ахвврататповлекува
Претходен напис МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
Следен напис Општина Прилеп ја стартува “Е-даноци“, олеснување за граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?