Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски
Агровести

Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски

Објавено 27/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека речиси 300 компании ќе бидат поддржани со грантови во вредност од 25 милиони евра за зелена трансформација. Но, нагласува, таа зелена транзиција треба да се прави чекор по чекор за да не им се нанесе штета на индустријата и на државата.

– Да, работиме, практично со агенцијата „Инова“, за овозможување и обезбедување грантови за компаниите, особено во делот на енергетската трансформација. Имав и во Давос едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се согласија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија, која ѝ е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина.

Според него, процесот треба да се одвива чекор по чекор, затоа што, како што истакна, секоја избрзана постапка може да направи штета и за индустријата и во државата.

-Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик, рече мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот во инфраструктурни проекти во Гази Баба. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:25 милиони еврагрантовиМицкоскиТриста компании
Претходен напис Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение 
Следен напис Мицотакис: Строга имплементација на мерките за биолошка безбедност за сипаниците кај овците и козите, вакцинацијата не е решение
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?