Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение 
Агровести

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение 

Објавено 27/01/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.

Според претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, подготвени се на заеднички протест со камионските превозници доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.

– Изразуваме длабока загриженост од начинот на кој Европската Унија го применува правилото за престој (90/180) во шенген-зоната, кое без исклучок се однесува и на професионалните возачи. Овој начин на пресметување и евиденција за престој во шенген-зоната има сериозно негативно влијание врз работењето на превозниците и целокупното стопанство. Нашите компании со години вршат превоз на балкански тури што гравитираат низ земјите во регионот, вршат меѓународен превоз организиран од страна на тур-оператори и туристички агенции, а новиот начин на евиденција го отежнува нивното секојдневно работење, како и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници – изјави претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, за МИА. 

Ако се земе предвид статистичкиот податок дека на месечно ниво во 2025 година во нашата држава во просек престојувале по 100.000  туристи за кои нашите превозници и туристички агенции извршиле превоз на разни дестинации, посочува Трпковски, последиците од мерката на Европската Унија би биле поразителни. 

– Ограничувањето на движењето на возачите не само што го попречува нивниот ангажман, туку предизвикува последици и врз фирмите и граѓаните, а ќе доведе до длабоки економски последици, намалување на приходите во туризмот, затварање многу фирми и мали бизниси, губење работни места, намалена конкурентност на нашите компании за превоз, губење на странските партнери и огромен пад во стопанството со огромно нарушување на туристичките, економските и трговските текови – вели Трпковски. 

Нашата заложба, дополнува тој, е идентична со ставовите на членките на Асоцијацијата „Макам-транс“ и сме подготвени на заеднички протест доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.

– Асоцијацијата „Исток“ апелира до Европскиот комитет и надлежните служби да изнајдат фер и применливо решение, кое ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока – изјави претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски.

Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вчера почнаа блокада на товарниот сообраќај на премините кон шенген-зоната. Тие сметаат дека ЕЕС-системот ги дискриминира во однос на превозниците од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот. 

Од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-транс“, вчера, на првиот ден од протестот изразија надеж дека ќе наидат на разбирање од страна на европските држави. 

– Станува збор за професионална дејност – транспортна. Лицето работи во сопствената држава, возилото е регистрирано во сопствената држава и, едноставно, може да се каже дека Европа на овој начин сака да нè спречи да работиме –  изјави Билјана Муратовска од „Макам-транс“ потсетувајќи дека со секоја држава имаме потпишано билатерални договори во областа на превозот, кои дозволуваат пристап и движење на нивна територија.

Економска оправданост за тоа да се обезбедуваат по двајца возачи кога нема доволно возила, според Муратовска, воопшто не постои. Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата, додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците –  рече Муратовска.

Посочи дека ова е огромна дискриминација кон патниот превоз затоа што со постојната регулатива Европската Унија го ослободила од броење денови за престој секој друг вид превоз – бродскиот, железничкиот и јавниот превоз.

– Поентата не е да ја заглавиме сопствената стопанска активност, туку да покажеме што може да се случи во одреден период. Кога ќе се приклучат и Турција и другите држави, ќе се работи за над милион тони стока што се движи или чека и тоа треба да биде јасен сигнал за сите. Но не можеме со месеци да држиме блокади, ниту сакаме да им нанесеме штета на нашите производители, трговци и на населението. Ако не се најде решение, ќе се бараат други форми на притисок. Ако Европската Унија не може да издржи еден месец ваква состојба, тогаш јасно е дека овие мерки не може да траат подолго – изјави Муратовска.

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:Автобуските превозницикамионџиитепротестите
Претходен напис Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓет
Следен напис Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?