Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, имаа заедничка обиколка на оризовите полиња и каналите за наводнување во Кочанскиот регион.
Сеидбата на оризот е во завршна фаза и опфаќа површина од околу 3200 хектари. Водата за наводнување на оризовите површини е пуштена, каналите сеисчистени. Откупот на оризова арпа и бел ориз се одвива непречено и оваагодина за разлика од минатите години, просечната откупна цена бележизначителен пораст и се движи од 25-30 ден/кг оризова арпа и од 50-65 ден/кг забел ориз во зависност од тоа дали се работи за крупни или ситни сорти.

Кочани е град претпознатлив по производството на оризова арпа од која се добива бел ориз како бренд надалеку познат во светот по својот квалитет. Од оваа земјоделска култура опстојуваат голем број земјоделски семејства во Кочанскиот регион.
Политиките на субвенционирање со одвојувањето на оризот од останатите житни култури, ја враќаат оваа култура на нивото од пред дваесетина години кога беше главна земјоделска култура и препознатлив бренд за Кочанскиот регион.

