Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“
Агровести

Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“

Објавено 23/01/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Натпревар во дегустација на вина и ракии, произведени од индивидуални производители од општина Неготино, ќе се одржи и оваа година во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.

Општина Неготино денеска ги информираше сите заинтересирани за учество на натпреварот дека рокот за поднесување мостри од бели, црвени и розе вина и ракии е до вторник – 10 февруари, од 8 до 16 часот во просториите на локалната самоуправа.

– Лице за контакт е Станоја Филиповски на прв кат во општинската зграда или на телефонскиот број 075/976-574. Поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручни лица-енолози, кои ќе одлучат кои вина и ракии ќе добијат признанија и награди за квалитет, појасни градоначалничката Марија Нацева.

Како што беше додадено, наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производи на домашни вина и ракии ќе им ги врачи градоначалничката на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Свети Трифун“, 14 февруари.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:винамостринатпреварнеготиноракии
Претходен напис Собранието го изгласа Законот за прекршоците, од 1 февруари почнува „Безбеден град“
Следен напис „Оне Македонија“ и официјално трет мобилен оператор, најавува новини и сериозен удел на пазарот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?