Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во просек приближно 150 литри дожд на квадратен метар регистрирани во невремето во Атина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во просек приближно 150 литри дожд на квадратен метар регистрирани во невремето во Атина
Агровести

Во просек приближно 150 литри дожд на квадратен метар регистрирани во невремето во Атина

Објавено 23/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во големото невреме што во средата попладне ја зафати областа Атика, поширокиот регион на Атина, биле регистрирани големи количини дожд, што во една населба достигнале до 173,8 литри вода на квадратен метар, што е речиси трипати повеќе од месечниот просек на дожд во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната опсерваторија на Атина и на порталот „Метео“ ги објавија податоците од 543 метеоролошки станици за вкупните количини врнежи до 23.40 часот во средата.

– Врз основа и на прогнозите, како и подоцнежните мерења од метеоролошките станици, на мрежата на автоматските метеоролошки станици на Националната опсерваторија на Атина и на порталот „Метео“ беше потврден индексот на опасност од појава на врнежи од категорија 5 бидејќи беа регистрирани многу големи количини дожд, главно во Атика, источен Пелопонез и на Евија – соопштија од Опсерваторијата.

Најголемите количини врнежи до вечерните часови во средата биле измерени во атинските населби во северниот дел на градот Папагу (173,8 литри на квадратен метар), Номисматокопио (148,4 литри на квадратен метар) и во Халандри (148 литри на квадратен метар), а во пет други населби дождот бил меѓу 135,6 и 145,2 литри на квадратен метар.

Според метеоролозите во Грција, во Атина во зимскиот период количината дожд на месечно ниво е 50-60 литри на квадратен метар, што значи дека само за неколку часа во средата беше регистриран дожд, трипати поголем од месечниот просек.

Во силното невреме во Атина животот го загуби 56-годишна жена во обид пеш да ја помине поплавената улица, а поројниот дожд предизвика и материјална штета, а од вчера во двете атински општини што беа најпогодени прогласена е вонредна состојба.

Заменик-министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција, Костас Кацафадос, денеска ќе ги посети општините погодени од невремето и ќе одржи состанок со градоначалниците за штетите и нивна санација.

Фото: Метео.гр

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:150 литриАтинадождпросек
Претходен напис Објавен ценовникот на дозволите за спортски риболов на Охридското Езеро
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Борбата против сивата економија се интензивира
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?