Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем за туризам во Скопје посветен на македонските рурални домаќинства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Саем за туризам во Скопје посветен на македонските рурални домаќинства
Агровести

Саем за туризам во Скопје посветен на македонските рурални домаќинства

Објавено 21/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Саем за туризам, во чиј фокус ќе бидат македонските рурални домаќинства и бизниси, ќе се одржува на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Како што најавуваат организаторите, Саемот на едно место ќе ги обедини најавтентичните рурални приказни од цела Македонија, а целта е да се приближи руралниот и искуствениот туризам до пошироката јавност, но и да се покаже дека патувањето не е само дестинација, туку и доживување, поврзување и учество во секојдневието на селскиот живот.

На Саемот ќе се претстават мали рурални домаќинства со капацитет до 20-тина легла, автентични семејни винарии со можност за групни и индивидуални дегустации, ресторански услуги и сместување, како и земјоделски и рурални бизниси кои нудат мир, природна убавина и топло селско гостопримство.

Предвидена е богата програма наменета за домашни и странски посетители, туристички професионалци, семејства и за сите љубители на автентични рурални доживувања.  

 – Посетителите ќе можат да се информираат за можностите за краток и подолг престој и да откријат вистински рурални доживувања – месење пита, печење леб на традиционален македонски начин, адреналински активности во природа, часови по традиционално готвење, берење јаболка и други автентични искуства, наменети за сите генерации. За љубителите на природата, добрата храна и врвните вина, искуствениот туризам е многу подобра алтернатива од масовниот туризам, кој најчесто нуди брзи и површни посети, додека искуствениот создава подлабока, поискрена и подолготрајна релација меѓу посетителот и местото. Преку сеопфатната програма што ја нудат овие домаќинства, секој посетител заминува многу побогат со нови знаења, доживувања и емоционална исполнетост. Искуствениот туризам им овозможува на туристите да станат дел од секојдневието на локалната заедница – да учествуваат во подготовка на традиционална храна, да научат занает, да слушнат лични приказни и да доживеат култура што не може да се најде во туристички брошури или во големите хотелски комплекси каде посетителот е само бројка. Ваквиот пристап носи повеќекратни придобивки: поквалитетно туристичко искуство, поддршка на локалната економија, зачувување на културното наследство и помал притисок врз природните ресурси, создавајќи одржлив модел на туризам што им користи и на гостите и на домаќините, велат организаторите.

За време на Саемот, сите посетители ќе добијат ваучер со 15 отсто попуст и на производите и на услугите што руралните домаќинства ги нудат. Покрај попустите, посетителите ќе имаат можност да дегустираат органски производи, вина, ракии, традиционални специјалитети и домашни преработки од различни региони на Македонија, директно од луѓето што ги одгледуваат, произведуваат и создаваат.

– Секој производ носи своја приказна, регионален идентитет и знаење пренесувано низ генерации. Овој саем е дел од пошироката визија за одржлив и креативен туризам, развој на туризмот долж трасата Е-75, развој на руралните средини и акцентирање дека посетителот во Македонија не е само гостин, туку активен учесник – некој што останува подолго, учи, вкусува и се поврзува со местото и луѓето, наведуваат организаторите.

Саемската програма е збогатена со музички и стенд-ап перформанси, како и детски катчиња.

Во рамки на Саемот ќе бидат достапни детални информации за организирани активности во руралните домаќинства, настани во природа за групи и поединци, гастрономски и вински пакети, оригинални работилници за деца и возрасни.

Саемот за туризам – домаќинства во рурални средини е организиран од Јавна соба Скопје, Министертвото за култура и туризам, Земјоделскиот Институт – Скопје, Амбасадата на Република Словенија и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:посветенрурални домаќинстваСаем за туризамСкопје
Претходен напис Невреме во Грција – затворени училишта, пораки со предупредувања и забрана за пловидба
Следен напис ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?