Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
Агровести

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат

Објавено 20/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По вчерашната четиричасовна средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјоделците попладнево на состаноци на блоковите ќе го разгледаат исходот од разговорите и ќе донесат одлука, дали ќе продолжат со протестите и блокадите што траат веќе 52 дена или ќе се повлечат, јави дописничката на МИА од Атина.

Првичната реакција на земјоделците кои присуствуваа на средбата со Мицотакис, беше дека не се многу задоволни од дискусијата.

Меѓу блоковите што во текот на денешниот ден ќе одлучуваат за следните чекори, се и земјоделците на граничниот премин Евзони, кои од 1 декември ги имаат паркирано нивните трактори на грчката страна и повремено го блокираа сообраќајот за сите возила.

Во исчекување на денешните одлуки, граничните премини и патиштата остануваат отворени.

Грчкиот премиер синоќа, кусо по средбата со земјоделците, учествуваше на конференција, на која се осврна и на протестите и блокадите и изрази умерен оптимизам, но и подготвеност да се справи со секоја ситуација.

– Сакам да верувам дека ќе надвладее логиката. Ќе одржат состаноци, а мислам дека и општеството е веќе исцрпено од овие 50 дена протести. Со останувањето на блокадите, нема да добијат ништо повеќе. Мислам дека ова е нешто што и самите го имаат сфатено. Јас сум умерено оптимист, но и подготвен да се справам со секоја друга ситуација, посочи Мицотакис.

На состанокот во Премиерската палата вчера присуствуваше делегација од 25 претставници и шестмина набљудувачи одредени од земјоделците од 62 блока од цела Грција, а ставот на Владата е дека веќе се преземени иницијативи за прашањата што земјоделците континуирано ги покренуваат, но и дека не постои дополнителен простор за нови мерки за поддршка.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, со блокади на автопатишта, патишта, гранични премини, а тракторите и понатаму се на улица, паркирани во една коловозна лента.

Грчкиот премиер минатиот вторник се сретна со претставници на околу 18 земјоделски блокови од целата земја, односно со оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со Владата, а во текот на вчерашниот ден, ги повлекоа тракторите од патиштата. 

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокадитеГрчките земјоделциодлучатпротестите
Претходен напис Азески и директорот Пецоски во „Реплек“ АД, на работна средба за новите инвестициски вложувања и извозните капацитети
Следен напис Со казните од „Безбеден град“ ќе стигнуваат и фотографии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?