Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески и директорот Пецоски во „Реплек“ АД, на работна средба за новите инвестициски вложувања и извозните капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески и директорот Пецоски во „Реплек“ АД, на работна средба за новите инвестициски вложувања и извозните капацитети
Агровести

Азески и директорот Пецоски во „Реплек“ АД, на работна средба за новите инвестициски вложувања и извозните капацитети

Објавено 20/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Комората, Бранко Азески и членови на Управниот одбор, денеска (вторник) во 14:00 часот ќе ја посетат компанијата Реплек АД Скопје, долгогодишна извозно-ориентирана членка на Комората. Имајќи предвид дека унапредувањето на извозните потенцијали на компаниите претставува врвен приоритет на Стопанската комора на Северна Македонија и во наредниот период, средбата ќе биде искористена за да се поразговара за интензивните инвестициски активности на фармацевската компанија со 80 години традиција како симбол на континуитет, стабилност и јасна визија за иднината.

Реплек АД Скопје е присутна на 25 пазари во Европа, Азија и Блискиот Исток, при што 75% од приходите од продажбата се остварени на странски пазари, со план за проширување на присуството на уште 15 нови пазари. Потврда за успешноста е стратегија на компанијата и растот на профитабилноста од 39% во однос на 2024 година, со остварен профит од 5 милиони евра, над 400 вработени и активно учество во процесите поврзани со унапредување на деловното опкружување во земјава.

Улогата на Комората во подршка на извозните и инвестициските процеси на компаниите е од исклучителна важност, бидејќи таа претставува платформа преку која компаниите можат да ги артикулираат своите ставови, потреби и предизвици, како и да придонесат кон креирање подобро и поконкурентно деловно опкружување.

Посетата на претседателот Азески на Реплек АД, е јасна порака на поддршка за компаниите што инвестираат во земјата, создаваат додадена вредност и ја градат својата конкурентност врз знаење, технологија и одговорност.

Изјави за медиумите во 14:30 часот во кругот на фабиката ќе дадат Душан Пецоски, генерален директор на Реплек АД Скопје и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азескиизвозните капацитетиинвестициски вложувањаПецоскиРеплек
Претходен напис Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
Следен напис Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?