Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Корепер реши да му даде шанса на дијалогот со Трамп пред евентуално преземање „одмазднички царини“ кон САД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Корепер реши да му даде шанса на дијалогот со Трамп пред евентуално преземање „одмазднички царини“ кон САД
Агровести

Корепер реши да му даде шанса на дијалогот со Трамп пред евентуално преземање „одмазднички царини“ кон САД

Објавено 19/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ се договорија да му дадат шанса на дијалогот со САД, пред да преземат какви било мерки како одговор на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 1 февруари кон осум европски земји, кои, според него, се противат на неговата намера за преземање на Гренланд.

Според дипломатски извори, на синоќешниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) е договорено ЕУ да не презема „одмазднички мерки“ на најавените американски царини „најмалку до февруари“.

Истите извори посочуваат дека начелно е договорено дека доколку не биде постигнат договор со Трамп, од 6 февруари ЕУ да воведе реципрочни санкции кон САД во износ од 93 милијарди евра.

Покрај ова, на состанокот на Корепер била разгледувана и опцијата за активирање на „инструментот против принуда“ кон САД, кој предвидува ограничување на увозот на стоки и услуги во ЕУ. Овој инструмент на ЕУ досега никогаш не бил користен.

Трамп во саботата најави дека од 1 февруари САД ќе воведат царини од 10 проценти кон Велика Британија, Германија, Данска, Норвешка, Финска, Франција, Холандија и Шведска, поради нивното противење на американското преземање на Гренланд. Според Трамп, оваа царинска стапка би се зголемила на 25 отсто од 1 јуни и би важела сè додека „не биде постигне договор за купување на Гренланд“.

Ваквите најави го доведуваат во прашање ратификувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кој беше постигнат лани во август со цел да се избегне меѓусебното воведување царини.

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер во објава на Икс наведе дека ЕПП го поддржува трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, но со оглед на заканите на Трамп во врска со Гренланд, одобрувањето не е можно во оваа фаза.

– Царините од нула отсто за американските производи мора да бидат ставени на чекање, наведе Вебер во објавата, додавајќи дека важен чекор кон зајакнување на конкурентноста и стратешката автономија на ЕУ е зајакнување на економскиот светски поредок базиран на правила.

Ваквата најавата на Вебер следи откако претходно и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) се заложија за одлагање на гласањето во Европскиот парламент за трговскиот договор ЕУ-САД, како дел од одговорот на Унијата на американските закани околу Гренланд.

– Сосема е скандалозно како Доналд Трамп ги користи царините и економските закани за да спроведе нелегитимна територијална претензија. Гренланд не е адут за преговарање, порача европратеничката на СД, Кетлин Ван Бремпт.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ДијалоготКореперодмазднички цариниТрампшанса
Претходен напис Бројот на регистрирани електрични возила во Албанија во 2025 година е речиси двојно поголем во споредба со 2024 година
Следен напис Kултиватори од брендот РУРИС на 12 рати без камата со ДАЈНЕРС!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?