Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Драган Бокан во „Бизнис-клуб плус“: Комуникацијата меѓу политиката и бизнисот е клучна во делот на инвестиците и насоките на дејствување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Драган Бокан во „Бизнис-клуб плус“: Комуникацијата меѓу политиката и бизнисот е клучна во делот на инвестиците и насоките на дејствување
Агровести

Драган Бокан во „Бизнис-клуб плус“: Комуникацијата меѓу политиката и бизнисот е клучна во делот на инвестиците и насоките на дејствување

Објавено 19/01/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Досега сум немал вакво интервју. Ми беа понудени можности за разни интервјуа, но секогаш чекав погоден момент. Ова интервју го прифатив веднаш затоа што разговарам со човек кој ги разбира бизнисот и стопанството, кој знае што се животот, но и тешкотиите, кој знае што се задоволствата, но и обврските. Токму затоа денеска ми е најтешко затоа што имам обврска, а, од друга страна, и најлесно“, истакна Драган Бокан, претседател на Одборот на директори на „Воли трејд“, во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб плус“ со Бранко Азески, се вели во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија, што МИА го објавува интегрално. 

Бокан посочи дека не е зачуден од фактот што околу 15.000 компании доброволно членуваат во Стопанската комора на Северна Македонија затоа што смета дека е тоа резултат на работата на претседателот на Стопанската комора, кој ги гледа економските процеси од различен агол.

Зборувајќи за успешното водење бизнис, Бокан истакна дека клучот е во управувањето со луѓето: „За добар бизнис треба да знаеш да управуваш, да одбереш најдобар кадар, да го насочиш и да го ставиш во функција“, совет што, како што рече, го добил од својот близок пријател и соработник Мирослав Мишковиќ, сопственик на компанијата „Делта холдинг“.

Тој нагласи дека учеството на меѓународни конференции е многу важно, особено за малите компании, затоа што таму имаат можност да слушнат нови информации и искуства од поголемите компании, но и можност на различен начин да се поврзат со нив.

На прашањето за трите клучни диспаритети во општеството – (1) односот меѓу капиталот и трудот, (2) односот меѓу активното и издржуваното население и (3) континуитетот на примена на правните прописи при промена на власта – Бокан истакна дека како сопственик обезбедува повисоки плати за вработените од другите компании во Црна Гора и можности за личен и професионален развој. Но, сепак, потенцираше дека подеднакво важна е и продуктивноста што треба да ја дадат вработените доколку сакаат да се развиваат како компанија и да опстанат на пазарите. Според него, пазарите на Балканот сè уште се во транзиција, а бизнисот мора да се приспособува на тоа. Тој смета дека така ќе остане сè до влегувањето во Европската Унија.

„Кога понудата на работна сила е поголема од побарувачката, тогаш продуктивноста е поголема. Во спротивно, како што е денес, продуктивноста опаѓа“, додаде тој.

Според него, политиката треба да им припаѓа на политичарите, а бизнисот на стопанствениците. Политиката и бизнисот можат да комуницираат само во еден сегмент – во делот на инвестициите и во одредувањето на насоките на дејствување што ќе придонесат за напредок на државата.

Запрашан за иднината на Црна Гора во наредните 10 години, Бокан изјави дека ја гледа како туристички развиена држава, што ќе овозможи и развој на економијата. Но, сепак, порача дека некои работи треба да се остават во минатото, да се надмине национализмот и акцентот да се стави врз економијата, поддршката на домашните компании, туризмот, валоризацијата на просторот и врз заштитата на животната средина. Како клучни приоритети ги посочи потребата од јасна стратегија за туризмот и од стратегија за развој на Скадарското Езеро, северниот дел на Црна Гора и на планинскиот туризам; привлекувањето нови инвестиции за поддршка на домашните производители и на домашните брендови; инфраструктурата, како и подоброто искористување на пристаништата, не за увоз, туку за извоз на домашните производи. Како пример за успешна држава ја посочи Словенија поради стабилните системски решенија, добрата инфраструктура и грижата за животната средина.

Во текот на поткастот Бокан упати јасна порака до бизнисмените: нема перспектива ако нема промени, учење и спроведување: „Да не се потпираме на теоријата што сме ја изучувале пред 30 години затоа што информациите од тогаш денес се неупотребливи, исто како што и она што се учи денес нема да важи утре или по 2 или 5 години. Бизнисмените мора да учат и професионално да се развиваат. Во спротивно, ќе страда компанијата. Работите бргу се менуваат поради динамичните процеси, па затоа се потребни брз проток на информации и брза реакција, како и создавање услови за развој на компанијата“, заклучи тој.

Стопанска комора на Северна Македонија 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Бизнис-клуб плусбизнисотдејствувањеДраган Боканполитиката
Претходен напис Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
Следен напис Дарко Митровиќ го извади светиот крст од водите на Вардар во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?